Извршен вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе


Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. – Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. […]