Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони


Кошаркарот на грчкиот клуб Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд според бројот на постигнати поени во натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА. Американскиот кошаркар реализираше 54 поени, заедно со седум скокови, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119:115 по две продолженија. […]