Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа


 Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека досега не нашол докази за израелски воени злосторства во Газа. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави дека во моментов нема докази за тврдењата на претставниците на Обединетите нации дека Израел извршил воени злосторства во војната против Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“. -Тоа се […]

МКС: Истраги за наводни воени злосторства во Израел, Газа и Западниот Брег


Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан, денеска го посети граничниот премин Рафа и рече дека во тек се истраги во врска со злосторствата наводно извршени во Израел на 7 октомври, во Газа и во Западниот Брег. -Ние ја разгледуваме ситуацијата во Палестина независно. Гледаме што се случува во Израел. Ни треба соработка. […]

Бајден и наложи на Владата да ги предаде на МКС податоците за воените злосторства извршени од Русија во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на американската влада да започне со доставување до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг податоци за наводните руски воени злосторства во Украина, изјави американски претставник. Пентагон се спротивставува на таквиот потег, а претставници на американското Министерство за одбрана во приватни разговори велат дека секоја отворена соработка со Судот во […]

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина


Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе. -Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, […]

Г7 вети дека Путин ќе одговара за воените злосторства во Украина


  Групата седум (Г7) водечки индустриски земји на вчерашниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе побара одговорност од рускиот претседател Владимир Путин по неодамнешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина. „Најсилно можно ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство. Претседателот Путин и […]

Зеленски: Украина отвора „книга на крвниците“ со докази за воените злосторства


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се […]

Почна првото судење за воени злосторства на руски војник


  Руски војник се појави на обвинителна клупа на првото судење за воени злосторства за војната на Владимир Путин во Украина. Обвинетиот, кој пристигна во малиот окружен суд бр. 3 во Киев во сива тренерка и лисици, е Вадим Шишимарин, 21-годишен командант на тенковската дивизија Кантемировска, кој е во украински притвор обвинет за убиство на […]

ОН почнува истрага за можни руски воени злосторства во Украина


Советот за човекови права при Обединетите нации усвои резолуција со која се наредува започнување истрага за можни воени злосторства извршени од руски војници во регионот на Киев и на други места. Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева, со 33 гласа „за“, два против и 12 воздржани, усвои резолуција со која и […]

Хјуман рајтс воч документиралe „очигледни воени злосторства“ во Украина


Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз. ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев. – Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските […]

Украински државен обвинител: Пронајдени 410 тела во рамки на истрагата за воени злосторства


Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина. Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа. […]

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства 


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесуира овие злосторства.  -Врз основа на расположливи информации денеска можам да објавам дека американската Влада оценува дека припадници на […]

И јавниот обвинител на Германија почна истрага за воени злосторства во Украина


  Јавниот обвинител на Германија сега истражува и можни руски воени злосторства во Украина. Ова иницираше таканаречена структурна истрага, вели сојузниот министер за правда Марко Бушман (ФДП) за весникот „Пасауер ноје пресе“. Според информациите на Германската прес агенција, властите во Карлсруе имаат конкретни докази дека веќе се извршени воени злосторства. Причина за постапката се извештаите […]

Што содржи хашкото досие за Путин?


  Првиот ден од руската инвазија на Украина, руска ракета наполнета со касетни бомби падна пред болницата во украинскиот град Вуледар, при што загинаа четворица цивили и беа ранети 10 други. Следниот ден, слично опремен проектил погоди предучилишна установа во градот Охтирка, при што загинаа тројца цивили, меѓу кои и едно дете. На 28 февруари, […]

Дел Понте: Ердоган треба да биде обвинет за воени злосторства


Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, смета дека е потребна истрага против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и обвинение за воени злосторства во врска со офанзивата на неговата земја во Сирија. Дел Понте во интервју за швајцарскиот весник „Швајц Ам Вохененде“ рече дека турската интервенција го нарушила меѓународното право и го обновила […]