Кина почна нови воени вежби околу Тајван


Пекинг почна воена вежба од големи размери околу островот Тајван, јави денеска државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на кинеската војска. Под кодното име „Мисија Правда 2025“ (Justice Mission 2025), вежбите се спроведуваат во морските зони и воздушниот простор околу Тајван. Ова се првите големи кинески воени вежби во близина на Тајван од април минатата […]

Јужна Кореја и САД ќе започнат големи воени вежби на 18 август


Јужна Кореја и САД ќе одржат големи воени вежби овој месец со цел да ја зголемат својата заедничка борбена готовност во услови на растечки воени закани од Северна Кореја, соопштија денеска сојузниците, цитирани од јужнокорејските медиуми. Годишните вежби „„Улчи фридом шилд“ (УФС) ќе се одржат од 18 до 28 август и ќе вклучуваат обука за […]

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа


Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина. Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО. Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај […]

Русија почна воени вежби во водите во Арктикот


 Русија почна воени вежби во нејзините води во Арктикот, во кои учествуваат 1.800 војници, повеќе од десетина бродови и 40 авиони и хеликоптери. Северната флота на руската морнарица соопшти дека вежбите ќе се фокусираат на заштитата на „безбедноста на руската трговска морнарица и поморските патишта, како што е Североисточниот премин“. Се очекува вежбите да траат […]

Морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан


Во Јужна Африка денеска беше одржана церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари. На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај […]

САД ги отфрли обвинувањата на Пјонгјанг дека воените вежби во регионот се провокација


Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби во регионот се провокација и рече дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг. Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон КНДР (Северна Кореја) и дека бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес […]

Војска на границата на Полска, Белорусија почна воени вежби


  Белоруската војска почна воени вежби покрај границата со Полска, ден по пораката од Полска дека постои реален страв од судир на таа земја со Русија. Воената вежба се одржува покрај границата со Полска, главниот град Минск и во севеоисточниот регион Витебск, а како што утрово објави белоруското министерство за одбрана, а пренесе Ројтерс, вежбата […]

Путин го надгледуваше почетокот на стратешките воени вежби со лансирање балистички ракети


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отвори „стратешките“ воени вежби со балистички ракети, во време кога ескалираат тензиите во руско-западната криза околу Украина. Кремљ соопшти дека стратешките воени вежби вклучуваат „балистички и крстаречки ракети“. – Предвидените цели за време на вежбите на силите за стратешко одвраќање се целосно исполнети, сите ракети ги погодија одредените цели, се вели во соопштението […]

Русија почна заеднички воени вежби со Белорусија


Русија и Белорусија денеска почнаа заеднички воени вежби предизвикаувајќи загриженост во западните земји дека Москва подготвува голема ескалација на конфликт во Украина. Руското Министерство за одбрана во соопштението нагласи дека вежбите се планирани да продолжат до 20 февруари во Белорусија. Според нив, вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“. 

САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија


САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот. Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во […]