Застој во сообраќајот утрово кај Влае: Се судрија три возила


Судир меѓу три возила предизвика застој во сообраќајот утрово кај Влае. Според очевидци, сообраќајната несреќа се случила на улицата „Ацо Шопов“, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае кон кружниот тек пред Визбегово. Засега нема информации за повредени лица. Официјални детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.

Влае и Бардовци без вода за пиење


Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“. Прекинато е и водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци. Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна […]

Падна бандера во Влае, сообраќајот е отежнат


Од општина Карпош информираат дека попладнево на раскрсницата на улицата Ацо Шопов со улица Фјодор Достоевски (Влае 1) поради несовесни возила со висок габарит турнати се столбовите за телекомуникации и се пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Известени се сите кабелски оператори за кои се очекува дека ќе интервенираат во најкус рок, велат од локалната […]

ЗХГ: Добиена граѓанска битка против градежната мафија во Влае


Советот денес ја усвои предлог-одлуката што ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја поднесе на барање на Борба за Влае со која го поништивме штетниот Регулациски план за СЗ 19! Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат […]

„Маалска дружба и борба за Влае“ утре на плоштадот „Делфина“ во Влае


Иницијативата „Борба за Влае“ за утре (недела) од 11 до 14 часот на плоштадот „Делфина“ организира „Маалска дружба и борба за Влае“. Оттаму велат дека граѓани ќе се соберат за да го искажат незадоволството од планираниот детален урбанистички план за Влае 2, за кој велат дека опфаќа узурпација на државно земјиште од приватни инвеститори на […]

Зеленилото во Влае да остане


Од иницијативата „Борба за Влае“ сметаат дека на јавната презентација за ДУП за Градската четврт СЗ19 (Влае2) дел од постоечкото зеленило ќе го снема, а на негово место ќе никнат објекти. „По одржаната јавна презентација на ДУП за Градска четврт СЗ19 (Влае 2) минатиот понеделник, сѐ повеќе жители на населбата реагираа на спорниот план и […]

Јакимовски: Доста е со лаги, на спортските терени во Влае нема да се стави ни една лопата бетон


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски синоќа преку обраќање во живо на неговата официјална страна на Фејсбук категорично ги демантираше дезинформациите за ДУП-от во Влае 2 лиферувани преку социјалните мрежи во врска со наводни планови за градби на локацијата каде што сега се наоѓаат спортските игралишта. Јакимовски рече дека зад маската „Борба за Влае“ стојат […]

Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае


Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот […]