Виткоф: Постигнат значителен напредок во преговорите за безбедноста и обновата на Украина


Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека САД и сојузниците на Украина од таканаречената „Коалиција на подготвените“ постигнале значителен напредок во преговорите за клучни прашања поврзани со безбедноста и економското закрепнување на Украина. „Постигнат е значителен напредок во неколку критични насоки“, наведе Виткоф, вклучително и во однос на рамката за билатерални безбедносни гаранции, како и […]

Петчасовен маратон во Кремљ: Путин го прими ажурираниот американски мировен план за Украина


Во Кремљ завршија долготрајните преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и делегацијата на Соединетите Американски Држави, посветени на мировно решавање на војната во Украна. Средбата траеше речиси пет часа, почнувајќи околу 19:40 часот по московско време во вторникот и завршувајќи во 00:30 часот по полноќ во средата, 3 декември,јави ТАСС. Ова беше шеста средба на […]

Виткоф денеска во Москва ќе разговара со Путин за мировниот план за Украина


 Специјалниот американски пратеник, Стив Виткоф, се очекува денеска во Москва на понатамошни разговори за напорите за завршување на војната во Украина, јави ДПА. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Виткоф треба да се сретне со претседателот Владимир Путин попладне, пренесоа вчера руските медиуми. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно го потврди патувањето на пратеникот, но […]

САД и Русија во „Бункерот за милијардери“ ковале таен план зад грбот на Европа


Тројца моќни бизнисмени – двајца Американци и еден Русин – беа згрбавени над лаптоп во Мајами Бич минатиот месец, наводно за да смислат план за ставање крај на долгата и смртоносна војна на Русија со Украина. Сепак, вистинскиот обем на нивниот проект беше многу поголем, откриваат извори запознаени со разговорите. Имено, во тајност, се подготвуваше […]

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина


 Специјалниот американски пратеник за Украина, Стив Виткоф, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, во петокот, во воената база во Енкориџ, на Алјаска, се согласил нивните европски сојузници да ѝ понудат на Украина безбедносна гаранција слична на мандатот за колективна одбрана на НАТО, што би било дел од […]

Какви „сигнали“ разменија Москва и Вашингтон на средбата на човекот на Трамп со Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е постигнат „голем напредок“ во врска со Украина за време на состанокот меѓу неговиот претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин денес во Кремљ. Трамп го опиша состанокот како „многу продуктивен“ во објава на социјалната мрежа Truth Social, велејќи дека по состанокот ги информирал некои од своите […]

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, […]

Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин


Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите. Неименуван извор изјавил дека Виткоф ќе замине во Москва на разговори со Путин, но не соопшти повеќе детали. Виткоф, кој официјално […]