Македонска винска вечер во Будимпешта
Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина. Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта. Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина […]