Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите


 Утре и во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), соопштуваат од УХМР. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. 

Студено утро, преку денот сончево и ветровито


Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне […]

За викендот дневната температура во пораст, од понеделник нестабилно и ветровито


За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје сончево […]

Времето утре облачно, студено и ветровито


Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, во крајните јужни делови со слаби врнежи од дожд и снег. Потоа ќе следува период на стабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Како што соопшти УХМР, во вторник ќе има зголемена облачност […]