Факултетот за безедност не доставил список, затоа студенти останаа без субвенции за оброк


Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк, затоа што Факултетот за безбедност не доставил список на студенти кои треба да примат субвенции за […]

Децата в училиште на 20 јануари – само државата може да одлучи да не биде така


 Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.  – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки […]

Новата учебна година ќе ја започнат 177.800 основци и 67.200 средношколци, vештачката интелигенција влегува во наставата


Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските […]

Децата што се лекуваат подолго време на Детската клиника отсега ќе може да следат школска настава


Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер.  Како што беше појаснето, […]

Јаневска ќе го решава проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен


Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува дека ќе биде одобрен проект со кој ќе бидат обезбедени средства за набавка на инструменти за Сеизмолошката опсерваторија, а потоа и да се реши проблемот со кој се соочува оваа институција –  затворање на 13 сеизмолошки станици низ државата.   Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за […]

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените


Силно зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување, како основа за просперитет и одржливост, е програмски фокус на оваа Влада. Во рамки на реформите на образованието, со цел да одговори на барањата на пазарот на труд, посебно внимание посветуваме на зголемување на пристапот на девојчињата кон стручните знаења и вештини, затоа […]

Јаневска: Македонија ќе има осум регионални центри за стручно образование и обука


Практичната обука на средношколците е приоритет, па затоа низ целата земја ќе се отворат уште шест регионални центри за стручно образование, што со постоечките два, жќе бидат сосема доволни да се работи на усовршување на работните вештини на учениците по завршувањето на средното образование. „Планираме во Македонија да има осум регионални центи за стручно образование […]

Наставниците ќе добијат повисоки плати во март, а можеби и уште едно во 2025, вели Јаневска


Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март. -Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она […]

Јаневска: Учениците ќе ги имаат учебниците на првиот училиштен ден


 На првиот училиштен ден, идниот понеделник, учениците ќе ги добијат учебниците. На овој начин ја прекинуваме лошата практика на одредени министри од минатото кои ниту водеа грижа за навремена достава на учебници, ниту да има учебници, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Повтори дека учебници ќе нема само за странските јазици и дека […]

Високообразовните институции ќе се проверуваат дали ги исполнуваат условите, најави министерката Јаневска


Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави реевалуација на високообразовните установи во државава и соопшти дека ќе се постапи по секоја пријава за немање стандарди за дејноста за која тие се акредитирани. -Ќе постапиме по секоја пријава, ќе има реевалуација и секој што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува услови, ќе […]

Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен


Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат. Ова го истакна министерката за образование […]

Јаневска најавува сериозна ревизија на универзитетите – не може да имаме 34


  Весна Јаневска, која најверојатно ќе биде министер за образование во новата влада на Христијан Мицкоски, смета дека неопходни се реформи во образованието во кои ќе бидат вклучени сите и владата, министерството, родителите, наставниците, а и да се направи сериозна ревизија на Универзитетите и студиските програми кои се нудат во државата. „Кога се прават сериозни […]