Од недела ЕУ воведува задолжително етикетирање на содржината генерирана од вештачка интелигенција


Од 2 август, во Европската Унија ќе почнат да се применуваат нови правила за транспарентност на вештачката интелигенција, како дел од Европскиот закон за вештачка интелигенција (AI Act). Целта е корисниците веднаш да можат да препознаат дали комуницираат со вештачка интелигенција или гледаат содржина генерирана од вештачка интелигенција. Компаниите ќе мора јасно да ги етикетираат […]

ЕЦБ предупредува на ризикот од корекција поради високите цени на акциите на технолошките компании


Високите цени на акциите на технолошките компании и фирмите поврзани со вештачката интелигенција (ВИ) би можеле да поттикнат корекција на берзите, предупреди потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гиндос. Цените на активата на финансиските пазари би можеле значително да се променат на краток рок, со ефекти на прелевање врз поврзаните сектори, нагласи функционер […]

Шеста македонско-германска конференција за контролинг: Дигитализацијата и ВИ од корен ги менуваат финансиските процеси


Дигитализацијата и вештачката интелигенција (ВИ) отвораат сосема нови можности во финансискиот сектор, со оглед на тоа што податоците се достапни во реално време. Tрадиционалното планирање со менува од корен, но мора да се работи внимателно, бидејќи со новите технолошки можности доаѓаат и многу одговорности. Ова накратко беше заклучокот од 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг што […]

Маск: Вештачката интелигенција ќе преземе сè, ќе работат само оние што сакаат


  Вештачката интелигенција и роботите ќе ги заменат сите работни места, а работата ќе биде прашање на избор на луѓето, објави денес американскиот претприемач и најбогатиот човек во светот, Елон Маск, на својата социјална мрежа X. Тој ја спореди ситуацијата со одгледување сопствен зеленчук и забележа дека работата, како садењето, ќе стане нешто во што […]

Опасни совети: Еве што им кажувала вештачката интелигенција на „тинејџери“ за брзо опивање, слабеење…


Според нова студија на Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH), вештачката интелигенција ChatGPT им дала низа вознемирувачки и потенцијално опасни совети на истражувачите кои се претставувале како ранливи тинејџери за тестирање. За време на повеќе од три часа снимени интеракции, ChatGPT одговорил на барања што вклучувале упатства за употреба на алкохол и дрога, криење […]

ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот


До 2033 година, вредноста на глобалниот пазар на вештачка интелигенција (ВИ) ќе порасне приближно 25 пати и ќе достигне 4,8 трилиони долари, што е приближно колку германската економија, а само технологиите за вештачка интелигенција ќе влијаат на 40 отсто од работните места ширум светот, се вели во новиот извештај на Конференцијата на Обединетите нации за […]

Етиката и вештачката интелигенција: Предавање на проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс во МАНУ


 Во Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне предавање ќе одржи проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс, на тема за етиката и вештачката интелигенција: „Moral machines: a virtue ethics approach to eАcal robot behaviour?“ Предавањето е во организација на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ во соработка со Балканскиот институт […]

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите


Во четвртокот во Скопје, Women on Boards Adria (WOBA) и Finance Talks by EoS успешно организираа конференција под наслов „Забрзана дигитална трансформација и револуцијата на вештачката интелигенција”, која обедини визионерски лидери од академската заедница, бизнисот и владата. Овој настан не претставуваше само дискусија за иднината – туку и поттик за преземање на активности за обликување […]

Волстрит може да изгуби 200.000 работни места поради вештачката интелигенција


Светските банки ќе укинат дури 200.000 работни места во следните три до пет години бидејќи вештачката интелигенција навлегува во задачите што моментално ги извршуваат луѓето, покажа истражувањето на Блумберг интелиџенс (БИ). Анкетираните професионалци за информатичка технологија посочија дека очекуваат нивната работна сила да порасне за околу 3% во просек, се вели во извештајот. Томаш Ноцел, […]

Што предвидува вештачката интелигенција за 2025 година: Откријте 10 сценарија за ВИ


Дознајте кои предвидувања за 2025 година ги направија главните чет-ботови за вештачка интелигенција, на прашањето на Форбс: „Мета“ ќе почне да наплатува за користењето на своите модели Llama „Мета“, лидерот во моделите со отворена вештачка интелигенција, одамна ги направи своите модели Llama достапни бесплатно. Сепак, 2025 година ќе донесе промена – „Мета“ ќе почне да […]

Речиси половина од Европејците стравуваат дека работните места ќе исчезнат поради вештачката интелигенција


Речиси половина од европските граѓани стравуваат дека вештачката интелигенција ќе ги згасне работните места, покажа истражувањето на осигурителната компанија Алијанц, спроведено во шест европски земји. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 отсто од нив, очекуваат дека вештачката интелигенција ќе го намали бројот на работни места, покажа истражувањето на Allianz Research. Само една третина од […]

Вештачката интелигенција го револуционизира учењето на странски јазици


Вештачката интелигенција (ВИ) го револуционизира начинот на кој луѓето учат странски јазици. Преку апликации како „Дуолинго“ и „Бабел“, учењето станува попристапно, ефикасно и пријатно. Со помош на овие персонализирани програми, кои се прилагодуваат на нашиот ритам, ниво на знаење и интереси, секој може да изучува некој од странските јазици преку своите електронски уреди. Но, иако […]

Во Италија создаден фонд за вештачка интелигенција од милијарди евра


Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска најави инвестициски фонд од една милијарда евра наменети за проекти за вештачката интелигенција (АИ), при тоа апелирајќи на „правилата на етиката“ при користењето на таа технологија. Таа на Конгресот за вештачка интелигенција во Рим наведе дека инвестицискиот фонд, кој ќе вклучува и нови ресурси и постоечки фондови, има за […]

Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“


 Начините како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција, и како младите можат и треба да се приспособат на овие промени преку учење вештини за медиумска писменост и за користење на алатките за вештачка интелигенција, се во фокусот на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во доба […]

Големи светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје


Еминентни говорници од големите светски брендови  Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“),  Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот […]

Осум професии кои вештачката интелигенција не може да ги замени


Развојот на вештачката интелигенција може да ги загрози некои занимања, а според извештајот на Голдман Сакс од 2023 година, пазарот на трудот во САД и Европа може да се соочи со сериозно нарушување доколку вештачката интелигенција ги исполни очекувањата. Се наведува дека вештачката интелигенција би можела да влијае на две третини од работните места или […]

Британија ќе биде домаќин на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција


Велика Британија ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција подоцна оваа година, соопшти британската Влада, додавајќи дека премиерот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден исто така ќе разговараат за тоа за време на денешниот состанок. На самитот ќе се разговара за ризиците што ги носи вештачката интелигенција, вклучително и граничните […]