„Гугл“ претстави нов начин за пребарување


„Гугл“ во четвртокот објави две нови алатки за вештачка интелигенција за кои вели дека ќе го направат пребарувањето за работи на интернет „радикално покорисно“. Мобилните корисници кои пристапуваат до „Гугл“ на некои телефони со Андроид наскоро ќе можат да заокружуваат или означуваат ставки што се појавуваат на екраните на нивните паметни телефони за да надополнат […]

САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем


Финансиските регулатори во САД за првпат ја наведоа вештачката интелигенција (ВИ) како ризик за финансискиот систем. Во својот последен годишен извештај, Советот за надзор на финансиската стабилност (ФСОЦ) наведува дека зголемената употреба на ВИ во финансиските услуги е „ранливост“ за следење. Додека вештачката интелигенција нуди ветување за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста, идентификување посложени […]

18 од највлијателните земји во светот постигнаа необврзувачки договор за вештачка интелигенција


Новиот необврзувачки меѓународен договор претставува заеднички напор за обликување на одговорниот развој и примена на технологиите за вештачка интелигенција во светот. Соединетите Држави, Велика Британија и повеќе од десетина други нации се договорија за сеопфатен меѓународен договор за заштита на вештачката интелигенција (ВИ) од злоупотреба. Вкупно 18 земји, вклучително Германија, Италија и Сингапур, претставија документ […]

Русија сака да фати приклучок во развојот на вештачката интелигенција


Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека не смее да му се дозволи на Западот да развие монопол во областа на вештачката интелигенција (ВИ), најавувајќи дека наскоро ќе биде објавена поамбициозна руска стратегија во оваа сфера. Соединетите Американски Држави и Кина го предводат патот во развојот на вештачката интелигенција, технологија за која многу научници и […]

Еве колку заработуваат програмерите кои работат на вештачка интелигенција


„ОпенАИ“ го врати извршниот директор Сем Алтман откако стотици работници се заканија дека ќе дадат отказ поради соборувањето на креаторот на ЧетГПТ, нагласувајќи колкаво влијание имаат моментално најценетите работници во технолошката индустрија. Платите на програмерите се доста високи, при што инженерите за вештачка интелигенција заработуваат од 8 отсто до 12,5 отсто повеќе од нивните колеги […]

Вештачката интелигенција клонира гласови „застрашувачки добро“, и тоа може да претставува голема опасност


Постојат бројни начини на кои вештачката интелигенција може да се злоупотреби, а еден таков опасен начин на нејзино користење, според заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Брус Рид, е – гласовното клонирање. Оваа релативно нова технологија е, според неговите зборови, „страшно добра“, а нејзиниот потенцијал за измама и манипулација е исто така застрашувачки. Нашето општество […]

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите луѓе без работа


Вештачката интелигенција (ВИ) може да ги остави без работа сите луѓе, изјави претприемачот и најбогатиот човек на светот Илон Маск на настан во официјалното седиште на британската Влада, Ланкастер Хаус, во Лондон. „Тешко е да се каже точно кога, но ќе дојде момент кога работата нема да биде потребна. Можете да работите поради лично задоволство, […]

Велика Британија објави декларација за вештачката интелигенција


Велика Британија денеска ја објави Декларацијата Блечли, договорена со земји како САД и Кина, за зајакнување на глобалните напори за соработка за безбедноста на вештачката интелигенција. Декларацијата, потпишана од вкупно 28 земји, беше објавена на денот на отворањето на Самитот за вештачка интелигенција во Блечли парк, централна Англија. -Декларацијата ги исполнува клучните цели на Самитот […]

Г7 усогласи принципи и Кодекс на однесување за вештачката интелигенција


Лидерите на Г7 се договорија за водечките меѓународни принципи за вештачка интелигенција и за доброволниот Кодекс на однесување за креаторите на вештачката интелигенција. – Ми претставува задоволство што можам да го поздравувам денешниот договор на лидерите на Г7 за водечките меѓународни принципи за вештачка интелигенција и за доброволниот Кодекс на однесување за креаторите на вештачката […]

Вештачката интелигенција би можела да троши струја колку една земја со средна големина


Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) се повеќе се користи во сите сегменти на општеството, од програмирање до возење, експертите предупредуваат на можно зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Коментарот објавен во списанието Joule на 10 октомври од Алекс де Вријс, докторант на Слободниот универзитет во Амстердам, посочува дека широката употреба на алатки за вештачка […]

На Самитот за вештачка интелигенција во Скопје претставени нови технологии за подобра иднина


  Викендов во Скопје се одржа „Ai Tech Summit“ – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелегенција (ВИ). На самитот имаше говорници од водечките светски комании како Microsoft, Google, […]

ЦИА се подготвува да воведе сопствен модел на вештачка интелигенција


Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) се подготвува да воведе во употреба функција слична на програмата OpenAI која ќе користи вештачка интелигенција за да им овозможи на аналитичарите подобар пристап до интелигенција со отворен код, објави Блумберг. Според агенцијата, станува збор за поширока владина кампања за искористување на моќта на вештачката интелигенција за да се натпреварува […]

Шефовите на големите технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелигенција


Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција. -Постои силен […]

САД: Уметност создадена со ВИ, без удел на човек, не може да биде заштитена со авторски права


Уметничко дело создадено со вештачка интелигенција, без удел на човек, не може да биде заштитено со авторски права, според американските закони, одлучи американскиот Окружен суд на Вашингтон, САД. Само дела направени од човек можат да бидат заштитени со авторски права, смета судијата Берил Хауел. Со тоа се потврди отфрлањето од Канцеларијата за патенти на САД […]

Загриженост кај Европската федерација на новинари поради порастот на дезинформации од вештачката интелигенција


Европската федерација на новинари (ЕФЈ) денеска предупреди дека вештачката интелигенција сè повеќе се користи за производство на погрешни визуелни и текстуални содржини, со цел ширење на дезинформации кои би влијаеле на јавното мислење. Затоа, според ЕФЈ, повеќе од кога било досега е потребно јавноста да развие медиумска писменост, со цел да ги препознае дезинформациите користејќи […]

Дали треба да се плашиме од ВИ? Познат физичар вели дека четботите се како „глорифицирани магнетофони“


  Брзиот развој на вештачката интелигенција изненади многумина, а нејзините можности се такви што пред неколку месеци научниците и некои познати личности од технолошката индустрија потпишаа петиција со барање за пауза во овој развој додека не се усвојат некои правила кои ќе ја спречат нејзината злоупотреба. Но, јасно е дека овој напредок и развој не […]

Може ли вештачката интелигенција да ги открие лозинките според звукот на притискање на тастатурата?


Внесувањето лозинка на компјутерот за време на разговор со „Зум“ може да овозможи сајбер-напад, бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) може да одреди кои копчиња ќе се притиснат со слушање на звукот на пишување, покажуваат резултатите од студијата објавена како дел од Европскиот симпозиум за Работилници за безбедност и приватност. Експертите велат дека како што алатките за […]

„Бионтек“ презема британска компанија за вештачка интелигенција


Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ (BioNTech) денеска извести дека го завршила купувањето на британската компанија специјализирана за вештачка интелигенција „Инстадип“ (InstaDeep), која планира да се вклучи во развојот на нови лекови. „Бионтек“ го најави купувањето на „Инстадип“ на почетокот на годината, а во последното соопштение наведе дека ќе плати околу 500 милиони евра за британската компанија […]

„Гугл“ развива алатка со вештачка интелигенција за новинари


„Гугл“ развива алатка со вештачка интелигенција за издавачите на вести која може да генерира текст и наслови на написи, соопшти компанијата, нагласувајќи дека технологијата наскоро може да ја трансформира новинарската индустрија. Технолошкиот гигант во изјавата соопшти дека сака да биде партнер со новински куќи за употребата на алатката за вештачка интелигенција во редакциите. „Нашата цел […]

„Епл“ работи на нов систем за вештачка интелигенција, ќе се натпреварува со „Чет ГПТ“


„Епл„ работи на систем за вештачка интелигенција кој треба да му конкурира на „Чет ГПТ“ (Chat GPT), се вели во извештајот објавен денеска, пренесува ДПА. Вработените на „Епл“ го нарекоа проектот „Епл ГПТ“ („Apple GPT“) бидејќи работат на развој на платформа слична на „Чет ГПТ“, објави „Блумберг њус“. Други технолошки гиганти се приклучија на трката […]