Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе ја утврдува на возраста на корисниците


Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа. „Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, […]

„Ова се застрашувачки промени“: Бил Гејтс ги споделува своите предвидувања за вештачката интелигенција


 Бил Гејтс предвидува дека развојот на вештачката интелигенција во следната деценија драстично ќе ја намали потребата од човечка работа во повеќето области. „Во моментов, стручноста е ретка. Се потпираме на врвни лекари и наставници, но со вештачката интелигенција, тоа ќе се промени. Следната деценија носи ‘бесплатна интелигенција’ – висококвалитетни медицински совети и образование ќе бидат […]

Во кои професии најмногу се користи вештачката интелигенција?


Две години по лансирањето на ChatGPT, милиони луѓе користат различни алатки за вештачка интелигенција секој ден за да ги завршат задачите. Сепак, усвојувањето на вештачката интелигенција многу се разликува по професија. Додека некои занимања забележуваат високи нивоа на ангажман со вештачка интелигенција, други остануваат главно недопрени. За да дознае како различните професии со вештачка интелигенција […]

Маск го лансираше Grok 3, тврди дека ги надминува и OpenAI и DeepSeek


Компанијата xAI на Илон Маск го претстави својот најнов модел на вештачка интелигенција, Grok 3, тврдејќи дека ги надминува понудите од OpenAI и кинескиот DeepSeek во раните тестови. Тестирањето вклучуваше стандардизирани задачи по математика, наука и програмирање. „Многу сме возбудени што можеме да го претставиме Grok 3, за кој веруваме дека е за класа поспособен […]

САД и Велика Британија не ја потпишаа oсновната декларација на Самитот за вештачка интелигенција во Париз


САД и Велика Британија не ја потпишаа основната декларација на Самитот за вештачка интелигенција во Париз, насловен „Становиште за инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“. Меѓу приоритетите наведени во документот се „да се гарантира дека вештачката интелигенција е отворена, инклузивна, транспарентна, етичка, безбедна, сигурна, надежна и дека заслужува доверба, земајќи ги предвид меѓународните рамки за сите“, […]

Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз


Глобалните експерти ќе дебатираат за заканите од вештачката интелигенција (ВИ) на собир во Париз денеска и утре, пред самитот на светските лидери за технолошката индустрија. Се очекуваат илјадници луѓе за настанот со цел да се најде заедничко решение за технологијата што вознемири многу деловни сектори за помалку од две години – како и да ги […]

„Мета“ ја потврди експанзијата на вештачката интелигенција, акциите се зголемија речис 20 отсто годинава


„Мета платформи“, матичната компанија на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, минатата недела објави квартални резултати кои ги надминаа очекувањата, додека нејзината деловна прогноза остана малку под пазарниот консензус. Приходите на компанијата во четвртиот квартал скокнаа за 20,6 отсто на 48,4 милијарди долари и беа над консензусот од 46,99 милијарди долари. Приходите од маркетингот пораснаа за […]

DeepSeek работи добро, додека не го прашате за Тјенанмен и за Тајван


  Апликацијата за вештачка интелигенција се искачи на топ листите на „Епл“ и ги потресе акциите во САД, но кинескиот чет-бот не сакаше да разговара за чувствителни прашања за Кина и нејзината влада Лансирањето на нов чет-бот од кинеската фирма за вештачка интелигенција DeepSeek предизвика пад на американските технолошки акции бидејќи се чинеше дека функционира […]

„Ова е повик за будење“: Трамп за кинескиот чет-бот со вештачка интелигенција DeepSeek


Доналд Трамп изјави дека лансирањето на чет-бот од кинеската DeepSeek е „повик за будење“ за американските технолошки фирми во глобалната трка да доминираат со вештачка интелигенција. Појавата на DeepSeek, кој го изгради својот чет-бот R1 модел за мал дел од цената на конкурентите како што се ChatGPT на OpenAI и Gemini на Google, избриша вредност […]

Што е „ДипСик“, новата кинеска вештачка интелигенција која предизвика потоп на берзите 


Кинескиот стартап „ДипСик“ (DeepSeek) предизвика значителен пресврт на глобалниот технолошки пазар со лансирањето на својот напреден асистент за вештачка интелигенција, кој неодамна стана најсимнуваната бесплатна апликација на „Еп стор“ (App Store“ на „Епл“ во САД, надминувајќи ја „Чет џи-пи-ти“ (ChatGPT) на Опен АИ. Кој стои зад кинеската вештачка интелигенција? „ДипСик“ е основана во 2023 година […]

„Нвидиа“ загуби повеќе од 500 милијарди долари од пазарната вредност откако кинескиот стартап со ВИ изби на сцената


Акциите на производителот на чипови „Нвидиа“ (Nvidia) паднаа во понеделникот, на нивниот најлош ден од распродажбата на глобалниот пазар во март 2020 година, предизвикана од пандемијата на коронавирус. Падот дојде во време на распродажба на акции  на глобалните технолошки компании поради стравувањата за лидерството на Америка во секторот за вештачка интелигенција. Тие стравови во голема […]

„Мета“ годинава ќе инвестира 65 милијарди долари во вештачка интелигенција


  „Мета“ (Meta Platforms) планира да инвестира дури 65 милијарди долари (61,9 милијарди евра) оваа година за да ја прошири својата инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ), изјави денеска извршниот директор Марк Цукерберг, со цел да ја зајакне позицијата на компанијата против конкурентите како OpenAI и Google во трката за доминација на полето на оваа технологија. […]

Акциите на „Оракл“ се вивнаа по планот на Трамп за ВИ вреден 500 милијарди долари


Акциите на „Оракл“ (Oracle) скокнаа за речиси 9 отсто во Франкфурт во средата, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека компанијата ќе направи големи инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција, заедно со OpenAI и SoftBank. Заедничкото вложување, наречено Старгејт, планира да инвестира 500 милијарди долари, рече Трамп претходниот ден во Белата куќа. Акциите на „Оракл“ […]

Трамп најави голема инвестиција за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција


Претседателот на САД, Доналд Трамп најави голема инвестиција за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција предводена од јапонскиот гигант Softbank, облак гигантот Oracle и ChatGPT / OpenAI. Тој потфат, наречен „Старгејт“, „ќе инвестира најмалку 500 милијарди долари во инфраструктурата за вештачка интелигенција во САД“, рече Трамп во изјавата во Белата куќа. „Овој монументален потфат е […]

Шефот на „Нвидиа“ најави револуција на вештачката интелигенција вредна 50 билиони долари


Вештачката интелигенција напредува со неверојатна брзина, изјави Јенсен Хуанг, основач и извршен директор на „Нвидиа“ (Nvidia), за време на презентацијата на новите производи во игрите, автономните возила и роботиката. „Започна со перцептивна вештачка интелигенција – разбирање слики, зборови и звуци. Потоа со генеративна вештачка интелигенција – создавање текст, слики и звук“, рече Хуанг, додавајќи дека […]

Јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“


Јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, ќе се одржи денеска во просториите на „Инокс иновацискиот центар“. Настанот е организиран од страна на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Националното студентско тело (НСТ). Како што соопштија организаторите, […]

Фабрики за вештачка интелигенција во седум земји од ЕУ


 Отворање фабрики за вештачка интелигенција во седум земји од Европската Унија, односно во Шпанија, Италија, Финска, Луксембург, Шведска, Германија и Грција, соопшти ЕК, додека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментираше дека тоа е „национален успех“ и „големо достигнување за земјата“. Според Европската Комисија, целта е да се поттикне иновативноста на вештачката интелигенција во Унијата, а проектот […]

Над сто компании го потпишаа Пактот за вештачка интелигенција на ЕУ


Повеќе од сто компании досега го потпишаа Пактот за вештачка интелигенција на ЕУ, со што доброволно се обврзуваат да ги почитуваат неговите одредби пред стартот на нивната законска примена, соопшти денеска Европската комисија.  Меѓу потписниците се мултинационални корпорации и европски мали и средни претпријатија од различни сектори, вклучително и ИТ, телекомуникациите, здравството, банкарството, автомобилската индустрија […]

Вештачката интелигенција до 2030 може да придонесе со 11,5 отсто од БДП на Јужна Европа


Вештачката интелигенција суштински менува цели економски сектори и до 2030 година би можела да придонесе со дури 11,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Јужна Европа, изјави Кристина Тихонова, генерален директор на Мајкрософт за Југоисточна Европа, на конференцијата во Порторож. Во исто време, таа ја нагласи важноста од заштита на системот за вештачка интелигенција. […]

Сопственикот на Луј Витон купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари


Семејната фирма на Бернар Арно, Вентурес, инвестираше над 300 милиони долари во пет стартапи за вештачка интелигенција во 2024 година. Најголемата инвестиција беше 220 милиони долари во Х (поранешна Холистик), француска фирма фокусирана на вештачка општа интелигенција. Вентурес, исто така, го финансираше Ламини, стартап за вештачка интелигенција во Пало Алто, со 25 милиони долари, како […]