Руските власти објавија дека го ограничиле пристапот до веб-страницата на германски Велт
По барање на Генералното обвинителство на Руската Федерација, државната агенција Роскомнадзор го ограничи пристапот до веб-страницата на германската компанија „Велт“. Пристапот до веб-страницата www.welt.de во Русија е ограничен според регулативата за блокирање сајтови што содржат повици за масовни немири, екстремизам и учество во нелегални масовни настани. Роскомнадзор го ограничува пристапот до таквите информации врз основа на барање […]