Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија


Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова денеска изјави дека Софија не поддржува воведување на симболични санкции од Европската Унија кон рускиот патријарх Кирил. – Бугарскиот став е јасен, ги поддржуваме санкциите против Русија, кои имаат економски ефект, со кои не се казнуваат земјите-членки туку земјата која води војна и кои не се симболични, посочи Петрова-Чамова. […]