Сведок кажа кој гледал извештаи на ревизорите за финансиското работење на ФЗОМ и на Онкологија на судењето на Васев и Нухи


 Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за […]

Со сослушување двајца сведоци продолжи судењето против Нино Васев


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.  Пред Судот беа сослушани двајца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија […]

Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври – се бара случајот да го преземе Коцевски


Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство. – Со оглед предлогот упатен до […]

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра


Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 […]

Обвинителство бара ефективен притвор за Васев од Онкологија, а тој – да се брани од слобода


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.  Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека […]

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на Онкологија


Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични […]

Васев: Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови за пациенти што веќе биле на терапија


Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не […]