ЛШ: Висок пораз на Вардар 1961 во првиот осминафинален натпревар од унгарски Веспрем
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа убедлив пораз вечерва во Скопје од унгарски Веспрем од 22:30 (11:15) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Македонскиот првак со четири последователни голови поведе со 4:2 во 7. минута, а до средина на полувремето успеа и да ја удвои предноста на 9:5. Веспрем од тој момент заигра поцврсто […]