ЕХФ Европска лига: Вардар 1961 со победа над Тулуз го завери првото место во групата


Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Скопје го совладаа француски Тулуз со 37-35 и како првопласирани во групата Ф се пласираа во главната фаза во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот во СРЦ „Јане Сандански“ беше резултатски израмнет до финишот на првиот дел, кога во самата завршница при водство на Вардар од 16-15, Тулуз постигна три […]

Чупиќ нов тренер на Вардар 1961


Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера. Чупиќ (39) ја заврши кариера лани и веднаш се посвети на тренерската работа, преземајќи го раководството на клубот од неговиот роден град Метковиќ. На клупата на Вардар 1961 седна […]

Македонското дерби Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа


 Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги рангираше пресметките меѓу македонските ракометни ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во Топ 5 дербија во Европа. Според Медија тимот на ЕХФ, македонското ракометно дерби е петто најголемо на Стариот континет. Првото место на ранг-листата е резервирано за пресметките меѓу Барселона и Кил, по што следува полското дерби меѓу Киелце […]

Нема одложување на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево го објави распоредот за натпреварите од претстојното 8. коло во машката Суперлига во кое нема измени во програмата во која за в недела во Битола е закажано големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Раководството на Вардар 1961 вчера побара од РФМ одложувањето на дуелот во Битола поради […]

Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа


Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа. Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со […]

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути


Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите. – Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан […]

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата


Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА Лига, откако попладнево триумфираа и на реваншот против Војводина во Нови Сад со 32-26. Македонскиот првак дојде до втората победа во четвртфиналната пресметка со шампионат на Србија со пресврт, откако Војводина на полувреме замина со предност од 15-11. На првиот натпревар во Скопје ракометарите на петкратниот освојувач […]

По речиси една деценија Дибиров заминува од Вардар 1961


Рускиот ракометар Тимур Дибиров најави дека на крајот од оваа сезона ќе ги напушти редовите на Вардар 1961, по цели девет години во кои со „црвено – црните‘ освои две европски титули. – Ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мојот последен во Лигата на шампиони. Најмногу би сакал […]