Мини-турнеја на Трпчески заедно со светскиот виолинист Максим Венгеров
По минатогодишниот настап на фестивалот „Музика Мунди“ во Брисел, македонскиот пијанист Симон Трпчески овој месец ја почна мини-турнејата заедно со Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. Синоќа серијата камерни концерти стартуваше на сцената на лондонската сала „Барбикан“. Двајцата уметници настапија со дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел. […]