Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени


Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека […]

Власта и опозицијата без промена за уставните измени


 Власта уверува дека ќе се постигне бројката од 80 пратеници за уставните измени, опозицијата, пак, опстојува на ставот против промена на Уставот. Во очекување Собранието да се врати на работа, премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Тој […]

Немате време за губење, ако ги отворите кластерите по уставните измени, вашиот пат кон ЕУ е неповратен: Интервју со Мануел Сарацин


Северна Македонија нема многу време за губење, бидејќи не знаеме што ќе се случи, имајќи ја предвид војната во Украина. Доколку сега ги отворите кластерите после уставните измени, патот на земјата кон ЕУ е неповратен. Знаеме дека е тешко, но направете го овој чекор заедно со нас, можете да сметате дека Германија ќе биде заедно […]

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се дообјаснуваат околу уставните измени: Како ќе продолжи процесот


СДСМ е подготвен да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ, но бара најголемата опозициска партија да се изјасни дали останува на ставовите изнесени на средбата на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски одржана во средата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ пред понатамошни преговори, бара СДСМ да се изјасни кој од двата […]

Тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните […]