Не се само уставните измени за кревање на ветото, Бугарија има барања поврзани со историската комисија, вели Сиљановска Давкова


Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на […]

И за нон-пејперот треба да се усвојат уставните измени, вели амбасадорот Рокас


  За мене, начинот на кој што јас всушност го гледам тој нон-пејпер, иако не сум експерт за толкување на такви документи, мислам дека првин тоа што треба да се случи е да се усвојат уставните измени, за да може да се започнат преговорите, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас кој при посетата на Штип прашан дали […]

Маѓар ќе ги ограничи премиерите на осум години на функција, спречувајќи го враќањето на Орбан


  Новата унгарска влада, предводена од Петер Маѓар, предложи уставен амандман со кој премиерите ќе бидат ограничени на максимум осум години на функција, со што всушност ќе му се забрани на Виктор Орбан да се врати на функцијата. Нацрт-амандманот беше поднесен во среда, нешто повеќе од една недела откако новата влада ја презеде функцијата. Тоа […]

„Не попуштаме ни милиметар. Ќе чекаме со генерации за уставните измени“: Мицкоски се откажа од ЕУ


  Не зборува кондиционално, како што го оправдуваше претседателката. Туку тој навистина мисли на децении и генерации. Премиерот Христијан Мицкоски денеска излезе со најврд став досега во врска со уставните промени, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се помести ни милиметар за уставените измени ако нема гаранции: „Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа […]

Уставните измени се прашање на кредибилитет, вели евроамбасадорот Рокас


Договорите на ЕУ јасно не прават никаква референца на второ ниво, членство, или членство без права, односно без право на глас или право на вето. Ако сакате да направите такви промени, треба да се ревидира договорот, а тоа бара едногласност во Унијата, вели евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за „Слободен печат“. Во ооднос на Уставните […]

Да ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри: Мицкоски за извештајот на ЕУ


Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со […]

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии


Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај […]

Данска сака да помогне да се направат уставните измени


  Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и […]

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата


  Амбасадорот  на Белгија одговорен за Македонија, Фредерик Мерис, неделава во македонското Собрание ги преставуваше приоритетите на белгиското претседателство, токму кога се случуваше драмата околу смените во техничката влада, а надвор од собраниските кулоари се тркалаше пасошката драма. Како амбасадор на земја претседавач  со ЕУ, кој исто така ја покрива Македонија од Бугарија, а е […]

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по избори


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по изборите.  „Година ипол трае оваа приказна. Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има. Ова е затворено прашање“, истакна Александар Николоски во интервју за „Радио Слободна Европа“. „Го затворивме тоа прашања, уставни измени нема […]

Уставните измени пред пратениците, власта и опозицијата со непроменети ставови


Во Собранието денеска треба да почне 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана за 11 часот. Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата трае најмногу десет работни дена и доколку е така треба да заврши на 31 […]

Ковачевски: На Владата не ѝ требаат 80 пратеници за да опстои, им требаат на граѓаните


  На Владата не ѝ требаат 80 пратеници, а Европската унија го исполни својот дел со потпишување на договорот со Фронтекс на чист македонски јазик. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на почетокот на расправата за уставните измени. Ковачевски кажа дека Владата ќе опстои со 61 пратеник, зашто им се доволни за […]

Клучни десет дена во Собранието: Еве како ќе се одвива седницата за промена на Уставот


Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени. Согласно […]

Ќе има ли компромис за уставните измени: На ден пред собраниската седница партиите со непроменети ставови


На еден ден пред седницата во Собранието на кое единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Северна Македонија, власта и опозицијата остануваат на своите непроменети ставови. СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка […]

Во петок собраниска седница за уставните измени, каква е процедурата за носење на измените


Во петок во Собранието треба да почне пленарната седница за уставните измени. Постапката е веќе почната со тоа што на 25 јули, Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за носење на уставните измени и заклучоците ги проследи до Собранието. Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 […]

За уставните измени недостигаат околу осум пратеници, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии. – Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи […]

Жешко лето за Собранието: Уставни измени или избори на есен или на пролет


 Пратениците летово ќе ги намалат деновите за одмор имајќи предвид дека Предлогот за уставни измени влезе во Собранието, а претседателот на законодавниот дом Талат Џафери за во вторник, 25 јули го закажа почетокот на Комисијата за уставни прашања. Гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување […]

Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска


По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција […]

Ковачевски: Уставните амандмани во Собрание во наредните две недели


– Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедурата за истите, во Собранието, таму каде што е и местото, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Прашан дополнително дали тоа значи дека имал средба и постигната е согласност да се гласаат уставните измени […]

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница


Уставните амандмани нема да бидат разгледани на денешната владина седница, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски, иако вчера министерот за правда Кренар Лога во изјава за медиумите рече дека најверојатно денеска Владата ќе биде ја разгледа Предлог-иницијативата за уставни измени. – Кога ќе ги средат службите и кога ќе дојдат на дневен ред, тогаш ќе ве […]