Потпишан меморандум за соработка на граѓанска коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило


Меморандум за соработка на граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило беше потпишан денеска во Кино „Кисела Вода“. Како што беше појаснето, претставници на граѓански организации, институции, експерти се здружуваат за да може поефикасно да се води борбата против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради што неповратно се уништува урбаното зеленило, за […]

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило


Формирано е Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило од експерти, претставници на институции и еко-активисти. Ова е прв состанок на кој присутните дадоа поддршка за  предложените законски измени, за да се спречи уништувањето на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите. Овие измени добија поддршка и од претставниците на  Интерпартиската […]

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање


Во организација на Зелен институт, денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање. На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во […]