Шведска го прекинува финансирањето на УНРВА


 Шведска повеќе нема да ја финансира Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), туку ќе обезбедува хуманитарна помош за Газа преку други канали, изјави шведскиот министер за помош Бенјамин Дуса. Одлуката на Шведска да го прекине финансирањето на УНРВА дојде како одговор на забраната за работата на агенцијата во Израел, […]

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради


Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права. УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се […]

СБ на ОН го повика Израел да ја поништи забраната за работа на УНРВА


Советот за безбедност на ОН во средата го повика Израел да ја поништи одлуката за забрана на агенцијата на Обединетите нации која обезбедува „витални“ услуги за палестинските бегалци со децении. „Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) е рбетот на целиот хуманитарен одговор во Газа“, соопшти Советот […]

Се чека реакцијата на Израел: Црвената полумесечина на Катар и УНРВА потпишаа договор


Катарската Црвена полумесечина и Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) потпишаа договор вреден 4,5 милиони долари од Катарскиот државен развојен фонд за помош на повеќе од 4.400 палестински работници и пациенти лоцирани на Западниот Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долго време бара распуштање на УНРВА, обвинувајќи го за антиизраелско однесување. Неколку земји го суспендираа […]

Израел нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа


Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа. Лазарини на социјалната мрежа Х напиша дека потегот на Израел „ја негира спасувачката помош за северна Газа“. „Ова е нечуено. Ова е […]

Борел: ЕУ не ја прекина помошта за УНРВА


Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европската комисија не го суспендирала финансирањето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), нагласувајќи дека во последно време имало многу дезинформации за ова прашање. Борел рече дека денеска во Брисел разговарале за ситуацијата во Газа и обвинувањата против […]

Лазарини најави најверојатен прекин на работата на УНРВА ширум Блискиот Исток


Генералниот комесар на Палестинската агенција за бегалци (UNRWA), Филип Лазарини денеска изјави дека УНРВА најверојатно ќе нема да работи во Појасот Газа и ширум Блискиот Исток до крајот на февруари, доколку и понатаму е суспендирано финансирањето од клучните донатори. Шеснаесет 16 земји донатори одлучија да ја прекинат финансиската поддршка по израелските тврдења дека 12 вработени […]

Нетанјаху повика на прекин на мисијата на УНРВА


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на прекин на мандатот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), по наводите дека мал број вработени во агенцијата биле вклучени во терористичките напади на Хамас во Израел на 7 октомври. – Мислам дека е време меѓународната заедница и самите ОН да сфатат дека мисијата […]

Во УНРВА очајни поради прекинот на финансирањето


Од Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) изјавија дека се очајни бидејќи се повеќе земји го прекинуваат финансирањето, по обвинувањето на Израел дека некои вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година врз израелска територија. Досега прекин на финансирањето најавија Јапонија, Австрија, САД, Велика Британија, […]

Западот ги стопира донациите за агенцијата на ОН, која Израел ја обвини дека е „цивилен огранок на Хамас“


Неколку западни влади одлучија да го прекинат финансирањето на Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA), поради обвинувањата дека нејзини членови учествувале во нападот врз Израел на 7 октомври. Шефот на агенцијата изјави дека на хуманитарната помош од која зависат два милиони Палестинци може да дојде крајот, пренесува Би-би-си. УНРВА е основана во 1949 […]

УНРВА бара 104 милиони долари итна помош за Газа


 Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА (UNRWA) побара итна помош од 104 милиони американски долари за Газа, која е под силен израелски напад по нападите на Хамас во саботата. „УНРВА итно бара 104 милиони американски долари за мултисекторски хуманитарен одговор во следните 90 дена“, објави УНРВА. Барантите средства се потребни за храна […]