Меџити: Владата со 34,5 милиони евра ќе гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје
Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена денеска на седница на Владата. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција попладнево информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза. […]