Потпишување иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип меѓу Универзитетот „Гоце Делчев”, Општината и Стопанската комора на С. Македонија


Иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Северна Македонија ќе биде потпишана денеска од градоначалникот на Општината, Иван Јорданов, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и ректорот проф. д-р Дејан Мираковски.  Иницијативата, како што наведуваат од Стопанска комора ја претставува определбата на […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фискалниот совет потпишаа меморандум за соработка


Во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу УГД-Штип и Фискалниот совет. Ректорот на УГД-Штип Дејан Мираковски вели целта на денешниот настан е да се доближат практичните и реални проблеми кон студентите, со што ќе се приближат кон ново ниво на знаење. Мираковски додаде и дека се отвора нова […]

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовиран Центар за циркуларна економија


Поврзување на бизнис секторот со Универзитетот „Гоце Делчев“( УГД)- Штип со поддршка на државата е целта на денешното промовирање на  Центар за циркуларна економија во објектот на факултетите на  Кампус 2. Марија Дуковска-Павловска, претседател на Центар за циркуларна економија, вели ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот […]

Штрајкуваат вработените во петте државни универзитети


Вработените во Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, денеска ќе штрајкуваат половина час пред Рекtoратот, незадоволни од непотпишувањето на колективниот договор од страна на основачот, како и против двојните стандарди, дискриминацијата и нееднаквоста на јавните универзитети во зголемување на платите. Штрајк најавија синдикатите на петте јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во […]

Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД


Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но […]

Штипскиот универзитет ќе ја продолжи сесијата или ќе овозможи вонредна за странските студенти кои ќе заминат во родната Турција


Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип изразува длабоко жалење за состојбата во Турција, последица од катастрофалниот земјотрес од 6 февруари. Универзитетот ги охрабрува студентите кои чувствуваат потреба да заминат во Турција да го сторат тоа бидејќи ова се моменти кога треба да бидете заедно со вашите семејства, стои во соопштението на веб-страницата на УГД-Штип. -Ги […]

Ковачевски и Шаќири во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Како што информираат од Владата, двајцата ќе ги разгледаат лабораториите во просториите на Кампус 2 на штипскиот универзитет.