Украинците нападнаа голем нафтен терминал на Црно Море (видео)


Украинските војници доцна синоќа нападнаа товарен док на нафтен терминал и танкер за нафта во рускиот регион Краснодар, објавија руските канали на Телеграм. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажаа голем пожар на терминалот на Црното Море. Руските канали на Телеграм, повикувајќи се на извештаи од жители, соопштија дека најмалку три пожари биле забележани […]

Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната


Овонеделните мировни преговори меѓу Русија и СAД за ставање крај на тригодишната војна во Украина не ги импресионираа украинските војници на првите борбени линии кои не гледаат дека наскоро ќе има крај на борбите доколку Киев биде изоставен од разговорите. Со автоматска пушка во рака, припадник на пешадијата со кодно име „Рагбијаш“ се потсети на […]

Украинската армија во Курск затвори 3 илјади руски војници во клопка


  Украинската војска во областа Курск го затвори „котелот“ во кој се најдоа околу 3 илјади руски војници, пишува „Билд“. Украинските вооружени сили пред неколку дена успеаја да го окупираат селото Краснооктјабрское, поради што источната граница на „котелот“ беше „целосно затворена“, која од запад е блокирана со државната граница, а од север со реката Сеим, […]

Амбасадорот на Украина во Тирана потврди дека украински војници се обучувале во Албанија


Амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров, потврдил дека украинските војници биле обучувани во Албанија. Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на Њуз24, тој не дал многу детали, но изјавил дека оваа информација е многу точна, нагласувајќи дека во Украина тоа високо се цени. На оваа тема, додал тој, се разговарало и при посетата на претседателот […]

Стотици украински војници заробени во хаотичното повлекување од Авдиивка


  Стотици украински војници можеби се заробени при напредувањето на руските единици или исчезнале за време на хаотичното повлекување на Украина од источниот град Авдиивка, според високи западни функционери и војници кои се борат за Украина. Тоа е катастрофална загуба што може да му нанесе удар на веќе ослабениот морал. Руското заземање на Авдиивка се […]

Борел: ЕУ разгледува можност за формирање мисија за обука на украински војници


  Европската Унија ја разгледува можноста за формирање мисија за обука на украински војници, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. На прашањето каде ќе биде поставена таа мисија, Борел одговори оти нема да биде во Украина, туку во соседна земја. – Ова ќе биде важна мисија. Секоја мисија треба да биде на […]

Првите украински војници стигнаа во Британија


Првата ротација на украинската војска стигна во Велика Британија на договорена обука, рече денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. Се работи за обука која е дел од новата програма чија цел е да се обучат 10.000 украински војници во рамки на британскиот пакет на воена помош за Украина вреден 2,3 милијарди фунти, кој премиерот […]

Во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници


  Загубите на Украина во убиени и ранети во Донбас изнесуваат и до илјада луѓе дневно. Ова го изјави шефот на фракцијата на партијата Слуга на народот во Врховната Рада и шефот на украинската делегација на мировните преговори со Русија Даид Арахамија за време на посетата на САД, пренесува „Аксиос“. Според Арахамија, во Донбас секој […]

Украински војници се жалат дека немаат поддршка од командантите


  Откако Русија изврши инвазија во февруари, еден од најголемите наративи во западните медиуми е нискиот морал меѓу нејзините војници. Украинските вооружени сили, од друга страна, беа прикажани како високо мотивирани да се борат за одбрана на својата земја. Но, тоа можеби не е целата слика. Во една статија во денешниот „Вашингтон пост“, двајца офицери […]