Украина ја префрли поморската војна против Русија и во Црното Море


  Украинските сили за беспилотни системи (УСФ) започнаа систематска кампања на напади врз руски транспортни бродови во Црното Море, откако во текот на изминатите девет дена погодија 116 танкери и други бродови во Азовското Море, изјави командантот на УСФ, Роберт „Маѓар“ Бровди. Нападите се дел од специјалната операција „МоЛоЧКа“, чија цел е прекинување на снабдувањето […]

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев


Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот. „Повеќето беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на периферијата. Над 50 непријателски дронови беа уништени пред да стигнат до Москва“, […]

Како Украина го изврши најтешкиот удар врз руски цели во целата војна


  Украинските безбедносни служби спроведоа масовен напад со беспилотни летала врз руските воени воздухопловни бази во неделата, погодувајќи илјадници километри зад линијата на фронтот во она што претседателот Володимир Зеленски го нарече нивна операција со најдолг дострел досега. Операцијата, со кодно име „Пајажина“, бараше месеци подготовка и шверц на беспилотни летала на руска територија. Еве […]

Украински дронови погодија станбени згради во Русија, прогласена вонредна состојба во Таганрог


Две лица се полесно повредени во напад на украински беспилотни летала во текот на ноќта во Таганрог во руската област Ростов, а пожар избувнал во една станбена зграда, изјави вршителот на должноста гувернер Јуриј Сљусар. Според него, пожарите биле брзо изгаснати. Претходно беше соопштено дека во нападот биле оштетени две станбени згради, а 85 лица […]

Две лица загинаа во најголемиот украински напад со дронови на Москва


  Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Москва од почетокот на војната, само неколку часа пред да се состанат американските и украинските тимови на клучните мировни преговори во Саудиска Арабија. Руското Министерство за одбрана објави дека 337 беспилотни летала биле лансирани во Русија во текот на ноќта во понеделникот, вклучително и 91 […]

Путин престана да лета кон Сочи поради страв од украински дронови


  Рускиот претседател Владимир Путин сѐ повеќе се плаши за својот живот поради нападите на украинските беспилотни летала, кои веќе патуваат илјадници километри, заобиколувајќи ги системите за противвоздушна одбрана и стигнувајќи до базите, вклучувајќи ги и оние во Арктичкиот круг. Од страв да не биде уништен од напад со дрон, Путин престанал да оди во […]

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво


Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина. Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм. Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот.

Руската армија пресретнала 38 украински дронови над Крим, мостот затворен два час


Руската армија синоќа над Крим уништила 38 дронови на вооружените сили на Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Претходно Министерството соопшти дека се уништени четири украински дронови летала над регионот Белгород и еден над Ленинградската област. Мостот на Крим бил затворен за сообраќај два часа.

Русите соопштија дека собориле украински дронови над регионите Белгород и Курск


Руските единици за противвоздушна одбрана доцна синоќа одбија неколку напади на украински беспилотни летала над регионите Белгород и Курск, уништувајќи најмалку 11 беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана. Во неколку одделни објави на апликацијата Телеграм, Министерството објави дека седум дронови биле соборени над Белгородската област и четири над Курската област. Нема информации за евентуална […]

Руско МО: Соборени три украински дронови над регионот Калуга, во близина на Москва


Руската противвоздушна одбрана рано утринава пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. „Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, јави министерството на каналот Телеграм. Си-ен-ен јавува дека во последните неколку месеци има се повеќе украински […]

Руското МО тврди дека ноќеска соборило 20 украински дронови над Крим


Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека спречило обид за напад со околу 20 украински беспилотни летала, што биле насочени кон цели на полуостровот Крим. Рускиот систем за противвоздушна одбрана успеал да собори вкупно 14 украински беспилотни летала, а уште шест биле попречени во мисијата со електронско наведување, соопшти руското МО и додава дека […]

Русија под голем украински напад со дронови во повеќе области


  Руските региони во вторникот, 28 февруари, беа под масовен напад со беспилотни летала, кој стана најголем од почетокот на војната во Украина и зафати територии на стотици километри од линијата на фронтот. По регионите Брјанск и Белгород, кои директно се граничат со Украина, под удар беа и Московскиот регион, Ленинградската област и Краснодарската територија. […]