Загрепска Икеа евакуирана, се огласил алармот
Загрепската „Икеа“ беше евакуирана денеска откако се вклучиле алармите, јавуваат хрватските медиуми. Клиентите и работниците се евакуирани согласно процедурата. Како што пренесува N1, алармите се вклучиле во Икеа во Загреб, најверојатно поради дефект. По еден час, ИКЕА повторно беше отворена.