Со нож ги пресретнал газдите што не му исплаќале дневници во Трубарево, заработи кривична


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен маж, осомничен за кривичното дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот со нож им се заканувал на сопружници, сопственици на фирма во која бил вработен, барајќи да му бидат исплатени неисплатените дневници. Настанот се […]

Трубарево без вода


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од Трубарево, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Млади од Трубарево палеле кабли во Аеродром


Две момчиња од Трубарево се уапсени во Аеродром бидејќи палеле кабли.   Според информација од Министерството за внатрешни работи, викендов полициски службеници од полициската станица во Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во општината Аеродром кој сведочел дека тие во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле […]

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, вкупно19 упатени на Пулмологија


Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални заболувања на дишните патишта по големиот пожар во складиштето за електроника. „Само во текот на вчерашниот ден биле прегледани над 100 лица на двата пункта во населбата, од кои осуммина се упатени на […]

Скрининг во Трубарево: Прегледани 111, а 11 продолжуваат со испитувања на Клиника


  Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој започна вчера. Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но […]

Скрининг на населението во Трубарево и околината денеска и утре


Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на […]

Утре и задутре, скрининг за граѓаните од Трубарево на Клиниката за пулмоголија


Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника за пулмологија на 24 и 25 септември организира скрининг за граѓаните коишто живеат во Трубарево и во околните места. – Замолувам сите граѓани коишто ценат дека треба да посетат доктор, на 24 и 25 септември, да се пријават на овој скрининг. Дополнително, ако има потреба, истите граѓани ќе […]

Мираковски: Состојбата со квалитетот на воздухот е нормализирана во скопско Трубарево


Состојбата  на квалитетот на воздухот во скопско Трубарево една недела по пожарот во складот за електронски отпад е нормализирана, а вредностите од мерењата се нормални за една урбана средина, истакна ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски. Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН извршија мерења на воздухот во Трубарево од 14 […]

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство


Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност […]

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата


Воздухот во Трубарево е чист, во текот на денот се чекаат резултатите од испитувањето на почвата што ги прави универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, информира денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. По посетата на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, прашан за состојбата во Трубарево […]

По пожарот во Трубарево висока била загаденоста со PM₁₀, олово, кадмиум и арсен


Високо ниво на PM 10 честички, како и загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира  Министерството за животна средина и просторно планирање, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево  и тоа во два различни периода. Резултати од загаденоста има за 13–14 септември 2025 (по пожарот во склад на „Ф-Групација ДООЕЛ“) и за 18–19 […]

Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор


Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа […]

Кривична за сопствениците на погонот за електронски отпад во Трубарево – непрописно складирале


Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен […]

ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево


На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, 
селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината […]

Затрупувањето на локацијата по пожарот во Трубарево го отежна увидот


Извршен увид по пожарот во Трубарево септември 17, 2025 13:17 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. […]

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје. Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело […]

ИЈЗ: Нема загадување со тешки метали на почвата кај Трубарево


Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. Во текот […]

Утре почнува увидот за пожарот во Трубарево


Увидот на лице место за причините за големиот пожар во Трубарево ќе започне утре, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје. Постапката ќе ја координира јавен обвинител, кој ќе раководи со увидните екипи на терен. По негова наредба, денеска на терен излегоа екипи на СВР Скопје со цел да преземат дејствија и да приберат докази неопходни […]

На денот на пожарот во Трубарево имало 300 mg/m3 јаглерод моноксид во воздухот – дозволени се 10 mg/m3


Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорка на […]

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла


Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи […]