Деаноски: По скоро две години го добивме тоа што го баравме и за кое преговаравме


Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска, пред средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека по скоро две години, вработените во управата и правосудството успеале да го добијат тоа што го барале и за кое преговарале скоро две години. -Ова барање УПОЗ го […]

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп


Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска обвини дека врз вработените во скопските центри за социјална работа бил извршен силен притисок да не излезат надвор од работните места и така да ѝ дадат поддршка на колешката Маријана, која беше ранета со два куршуми во оружен инцидент што се случи во Центарот за социјална работа […]

За прв пат од воведувањето во 2012, за минималната плата се одлучи без работниците


  Синдикатот на УПОЗ е „апсолутно незадоволен“ од одлуката на Владата за зголемување на минималната плата за 1.812 денари во нето износ, и ова го смета не за зголемување, туку за усогласување со порастот на инфлацијата и просечната плата. Ова денес го изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, одговарајќи на новинарски прашања, посочувајќи дека за […]

Тужби до државата и штрајк најавува УПОЗ, ако нема решение за платите


  Тужби до државата, штрајк и продолжување на протестите, се мерките за кои размискуваат синдикалците, како легитимни облици за изразување на незадоволството на вработените во државните институции, кои бараат зголемување на платите за 30 отсто. – Овие денови се изначитавме декларативни соопштенија од Владата, преку кои Владата нѐ канеше на средби преку вас медиумите, а […]

Место зголемување од 30 отсто, за 40 отсто намалена им е платата на оние кои штрајкуваат


Вработените во Државното правобранителство веќе една недела се во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти, но сѐ што добиле досега е намалување на 40 отсто од платата поради стапување во штрајк. Како што појасни претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, досега само коегите […]

Деаноски: Не отстапуваме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра


Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра, бидејќи тоа е прагот под кој не смее да се отиде. Плата во висина од 450 евра не треба да добие никој од вработените во јавниот и приватниот сектор, тоа е социјална помош која државата ја дава на вработените, истакна денеска на […]

Државите правобранители бараат повисоки плати или ќе ја блокираат експропријацијата за Коридор 8


Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот […]

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата


Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба. До петок или следната недела треба да се одржи уште една средба.   На денешната средба, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски, не добиле конкретен предлог од Владата.  – Волја има. Владата […]

УПОЗ со исти барања во Влада


 Претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска повторно се на средба со претставниците Владата откако минатата недела не беше донесена одлука за нивните барања. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, во изјава за медиумите пред средбата рече дека денеска очекуваат конкретна понуда од страна на Владата што би […]

Деановски: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на Економско социјалниот совет


 Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниицте од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) во вечерашното издание на […]

Трпе Деаноски избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на местото на Пеце Грујоски


Трпе Деаноски со акламација е избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на осмиот конгрес што денеска се одржа во Скопје. Деаноски доаѓа на местото на досегашниот претседател Пеце Грујоски. – На седницата на Претседателството одржана на 30.11.2021 година врз основа на доставените записници, Претседателството го утврди Трпе Деаноски како можен кандидат за претседател на Синдикатот […]