Грант од 2 милиони долари за документација и обука за искористување на водите на Злетовица


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката […]

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски


Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните […]

Интерпелација на министерот за Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата


Излажани земјоделци, прекин на ИПА проектите поради утврдени нерегуларности, коруптивни активности, што направи за земјоделството повеќе да се зборува како за дел од црната хроника, наместо за развој на економијата, беа дел од обвинувањата на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена […]

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците


Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс […]

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, Трипуновски смета дека ќе биде неуспешна


СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, заради кршење на законите, системска корупција и злоупотреба на службената положба  „Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето […]

Трипуновски: Работите во Платежната агенција полека се ставаат во тек, нема место за загриженост


 Тековните активности во Платежната агенција полека се ставаат во тек и нема место за загриженост. Во меѓувсреме надлежните институции работат на проверките во Агенција и наскоро очекуваме извештај, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во Прилеп при посетата на откупните пунктови за тутун. -Имаме нов директор и полека работите во платежната агенција се ставаат во […]

Министерот Трипуновски не чувствува одговорност за скандалот со исплатите од ИПАРД, не поднесува оставка


Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони […]

Пиперките со пестициди не се вратени од Хрватска, министерот Трипуновски чека службите да проверат дали биле македонски


Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот […]

Годинава ожнеани над 280.000 тони пченица, речиси доволно за домашните потреби, вели Трипуновски


Со преку 280.000 тони пченица од годинашново производство, речиси ги задоволуваме домашните потреби и годинава нема потреба да зависиме од увоз, изјави во Прилеп министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој денеска присуствуваше на манифестацијата „Млеко 2025“. Годинава се зголемени површините со пченица и родот е квалитетен и доволен за домашните потреби. -Со […]

Трипуновски најавува нови мерки за млади земјоделци и поддршка за модернизација


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека продолжува интензивната поддршка за модернизација на земјоделството, при што посебен акцент се става и на младите земјоделци. – Како Министерство работиме во делот на модернизација на земјоделството, веќе се објавени низа јавни повици кои што значат стимулација на македонските земјоделци. Покрај стандардните и редовните ИПАРД […]

Трипуновски: Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени


Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата […]

Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна


Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна,  рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот.  Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство […]

Николовски до Трипуновски: Не ги спроведувате ни постоечките програми, а за нови ќе почекаме


Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница ја обвини Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека нема нови мерки и програми во земјоделството, дека тие не се објавуваат навреме, како и оти нема нити еден реформски закон од оваа област. […]

Откриени злоупотреби на државно земјоделско земјиште за преку 2000 хектари, контролите продолжуваат


Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. – Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на […]

Во потрошувачката кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава


Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сеознски, зависно од периодот во кој доспеваат и се […]

Падот на млекопроизводството е резултат на погрешни политики, смета Трипуновски


Имаме сериозен пад на млекопроизводството и тоа е резултат на погрешни политики, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој рече дека тоа било во минатото, а изминатите шест – седум месеци како власт, нагласи, работат интензивно за да се врати сточарството, како и млекопроизводството, меѓу другото. Тој одговарајќи на пратеничко прашање, демантираше […]

Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење, нашата интенција беше само да помогнеме


Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС поради, како што наведоа од Општината, индиферентниот однос […]

Министерот Трипуновски допрва најавува план за заштита на земјоделците и граѓаните од нефер трговски практики


Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните. Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија. […]

Откупот на винско грозје во фокусот на средбата меѓу Трипуновски и потсекторската група за лозарство и вино


Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино. На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното […]