Српското МВР ќе побара меѓународна помош за дојавите за лажни бомби во трговските центри
Српската полиција соопшти дека ќе побара помош преку меѓународна оперативна полициска соработка за да добие информации за нарачателот, организаторите и сторителот кој лажно ги пријавил бомбите во трговските центри, јави дописникот на МИА од Белград. МВР соопшти дека по извршениот контрадиверзионен увид било утврдено дека биле лажни пораките испратени вчера од електронската адреса на сервисот […]