Кој ќе се бори ако не ние, кога ако не сега – вели Трендафилов во пресрет на протестот на ССМ


Во пресрет на работничкиот протест на Сојузот на синдикати на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо ги повика работниците да излезат на денешниот собир, порачувајќи им дека трудот што го вложуваат на своите работни места мора да биде соодветно платен, ценет и почитуван. Не е погрешно што многу работници ќе го искористат […]

Трендафилов пред утрешниот протест: Време е работниците да излезат на улица за повисока минимална плата


Утре е денот кога работниците повторно зборуваат. Колку ќе не слушнат зависи од нашата бројност. Ние ја имаме моќта на бројноста, тие ја имаат моќта на политиката, другите ја имаат моќта на парите, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов потсетувајќи ги работниците дека „вредноста на синдикалната минимална кошничка во овие […]

Трендафилов ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет, минималната плата ќе се усогласи за 1.600 денари


Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, ја напуштил седницата на Економскио-социјалниот совет, што денеска се одржува во Владата. Причината за напушатањето, како што соопшти Трендафилов на неговиот Фејсбук профил, е незадоволството од износот на усогласувањето на минималанта плата. Како што претходно беше најавено, теми на седницата на ЕСС се минималната плата и […]

ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк


  Сојузот на синдикати на Македонија остава простор до крајот на февруари Владата и работодавачите да се изјаснат за зголемувањето на минималната плата на 600 евра и на другите плати за најмалку 6 илјади денари, а доколку не се најде решение, веќе за средината на март најавуваат голем работнички протест и генерален штрајк, но и […]

Синдикатот со порака до газдите: Работниците може да ви бидат пријатели, Владата не


  Претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија денес ја блокираа улицата пред Стопанската комора на Македонија во центарот на Скопје, во знак на револт поради тоа што газдите не ги прифаќаат барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на другите плати за 6 илјади денари. Од пред седиштето на […]

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска застана зад пратеничката Дафина Стојаноска која што на нејзиниот официјален фејсбук профил објави видео со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и неговите малолетни деца. Пратениците од владејачката партија сметаат дека видеото во кое се прикажуваат малолетните деца на првиот синдикалец, за што тој побара интервенција од полицијата и од надлежните […]

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска


  Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо, и неговите деца. Тој ја посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која објавила видео на кое се гледа Трендафилов и неговите деца, за кое вели дека покажува оти власта користи секакви средства, дури и […]

УПОЗ извојува победа, бараа 30 отсто за 3.000 работници, а добија 40 проценти за 11.000, оценува Трендафилов


Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, запрашан денеслка за оцена на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Тизјави дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година УПОЗ барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3.000 работници, а сега добива 40 проценти за 11.000 работници. „Владата, веднаш […]

Работниците ќе штрајкуваат во мрак за да не ги препознаат и да не им се заканува никој


Попладнево, во 17 часот, од пред Работничкиот дом тргнува поворка работници, за да го изразат своето незадоволство од висината на платите и да побараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра. Лидерот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов порача дека овој протест е „за вашите деца, за вашите ќерки, […]

Сојузот на синдикати в среда организира протест за повисоки плати


Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа […]

Минималната плата мора веднаш да се зголеми, порачува првиот човек на ССМ


Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 9“ во Штип. Трендафилов посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не […]

Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата, се надеваме на решение преку дијалог


Борбата за зголемување на минималната плата, не е борба против Владата или за затоврање на компаниите, туку е борба за егзистенција за работниците, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов. Според Трендафилов, загрижува тоа што нема договор за зголемување на минималната плата, а не смее ниту да има до завршување на локалните […]

Нема изгледи за зголемување на минималната плата, ССМ многу барал


Разочарувачки вести за работниците по денешната седница на Економско социјалниот совет, каде што не поминал предлогот на Сојузот на синдикати на македонија за зголемување на минималната плата. Како што изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на ЕСС, тие дури биле искарани затоа што бараел многу. „За […]

Трендафилов во пресрет на ЕСС: Пратениците пред локалните избори да донесат брзи законски измени за раст на платите


Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата. – Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат […]

Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) останува на ставот дека не само минималната, туку и воопшто платите во Македонија треба да се зголемат. Како што изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјава е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а спротивната страна, Владата или работодавачите, нема слух за […]

Трендафилов: Утре ќе протестираме за повисоки плати, за владините мерки ќе зборуваме на 2 мај


Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  Слободан Трендафилов најави дека утре на Денот на трудот – 1-ви Мај  синдикатот ќе протестира за зголемување на платите и работничките права. Протестот започнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата. – Сојузот на синдикатите на Македонија, на 1 […]

Не е само културата. И други институции немаат исплатено плата, вели претседателот на ССМ, Трендафилов


Покрај вработените во културата, кои вчера протестираа за своите неисплатени плати, и други државни институции немале исплатено мартовски плати, обвини денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Според неговите сознанија, тоа се и вработените во Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат, Водостопанство, Државниот испекторат за труд и тн. Зборувајќи на […]

Синдикатите побрзо ќе се разберат со Владата за минималната плата отколку меѓу себе


Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов изјави дека Владата не била против зголемувањето на минималната плата, туку останатите два синдикати кои присуствувале на состанокот, нагласувајќи дека барале да се укинат одредбите на […]

ССМ „изгласа“ минималец за функционерите, бара достоинствени примања за работниците


Сојузот на синдикати на Македонија, денеска од улица побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора, и пред се од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра, а доколку тоа не биде направено, не ја исклучија можноста за генерален штрајк и протести. Со многу симболика […]