Николоски за проблемот на транспортерите: Го решаваме преку билатерални договори, апел да на потпаѓаат под туѓи пропаганди


 Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни […]

Здружението на транспортери на Западен Балкан бара од ЕК да најде решение за возачите на камиони до 10 август


Претставниците на транспортните здруженија на Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина одлучија да испратат ново заедничко писмо до Европската комисија со барање до 10 август да понудат прифатливо решение за проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната, пренесува Банкар.ме. Претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неѓо Мандиќ, ја […]

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ.  -Со таа виза […]

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. – Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување […]

Советот на странски инвеститори го поддржува изнаоѓањето на решение за македонските транспортери


Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, за одложување на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември. Советот на странски инвеститори соопшти дека со […]

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи


 Решението за транспортерите ќе биде во насока на издавање на долгорочни работни визи, коишто треба да значат регулиран престој на сите наши превозници кои влегуваат во Шенген зоната без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз, изјави денеска од Кочани вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања. -Швајцарија […]

Мицкоски оптимист: Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши со годишни визи


Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната. -Предизвикот со транспортерите е […]

Димитровски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за транспортерите, тие засегаат и земји членки на ЕУ


Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. Конечно, на 11 февруари беа изнесени 50-ина предлози, но сè уште нема разбирање од земјите членки, но тоа не значи дека работата […]

Стопанската комора на Македонија дава поддршка на транспортерите


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска од Штип порача дека бизнис секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната. Азески истакна дека Комората со години активно учествува во дијалогот со европските институции, но, како што рече, досега нема доволно слух за […]

Може ли регистар на професионални возачи да го спаси патниот транспорт во Западен Балкан?


Превозниците од Западен Балкан ги блокираа граничните премини за товарен транспорт од 26 до 30 јануари, барајќи да се најде системско решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, што во моментов подразбира максимум 90 дена во период од 180 дена. Долгогодишниот проблем во меѓународниот транспорт ескалираше со почетокот на примената на Системот за […]

Николоски или Муцунски: Кој е надлежен за проблемите на транспортерите?


  Неколку изјави во последниве денови околу големите проблеми што ги имаат камионџиите на шенгенската територија со правилото за престој 90/180 освен што ја анимираа јавноста за ситуација ги изложија и амбициите во Владата кој да биде предводник на буната на транспортерите. А со тоа и да го зголеми својот политички рејтинг. Министерот за транспорт, […]

Македонските вина се причина да станам вински презентер, вели словенецот Дејан Лепушек


Македонските вина се причина да станам вински презентер,  вели гордо Словенецот Дејан Лепушек за МИА, кој веќе неколку години е промотор на нашите вина во светот. Овие два дена е во Винскиот музеј во Кавадарци како презентер на работилница за развој на винскиот туризам и се обрати пред претставниците на македонските фамилијарни винарници. Настанот е […]

Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен, бараме ЕУ да ги ревидира правилата


Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, […]

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите, но и економијата. Што презема Владата?


  Новиот систем за регистрација при влез и излез во земјите од Шенген зоната и во Европската унија, ЕЕС, е закана за опстанокот на транспортниот сектор во земјава, но и во сите земји од регионот на Западен Балкан, беше оценето денеска во Собранието, на седница посветена на пратенички прашања од опозицијата. Уште повеќе, проблемот на […]

Системот ЕЕС на ЕУ за влез и излез во Шенген зоната ги загрозува транспортерите


Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од ЕУ согласно системот за влез и излез (EES), драстично ќе ги зголеми трошоците за работење на компаниите, ќе ја загрози стабилноста на трговските текови меѓу Европската Унија и Западен Балкан, а ги доведува во подредена положба и професионалните возачи […]

Граѓаните и институциите ќе може онлајн да ги проверуваат лиценците и сертификатите на транспортерите


  Владата на днеешната седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба. Министерството за транспорт и врски информираше дека […]

Дополнителни 240 годишни и 264 месечни ЦЕМТ дозволи за транспортерите во 2023 година


За 2023 година ќе има на располагање дополнителни 240 годишни и 264 месечни ЦЕМТ дозволи. Од сегашните 1.440 годишни ЦЕМТ дозволи следната година ќе има 1.680, а месечните 2.544 ЦЕМТ дозволи се зголемуваат на 2.808, објави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на традиционалната средба на превозниците, во организација на Асоцијацијата Макам Транс. […]

АМЕРИТ бара мерки за помош на транспортерите


Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат  договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, […]