Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена. Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се […]

Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. Тој денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресира, како што вели, оваа значајна тема. -Во недела во која промовиравме нови странски […]

МВР: Најмирните избори од безбедносен аспект


Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко […]

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, МВР постапува согласно надлежностите


Денешниот ден, од аспект на безбедносната состојба е стабилен. Министерството за внатрешни работи постапува согласно надлежностите што ги има, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски по гласањето за изборите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар.  – Согласно информациите што ги имам од утринава, сите избирачки места се стабилни, отворени. Граѓаните […]

Владата поништила пет наредби на министерот Тошковски бидејќи биле со едностран потпис


Владата на денешната 10-тата седница, како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис. Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се […]

Џафери го повика Тошковски да работи место да се правда околу пасошите


  Од 1  до 29 февруари годинава во Министерството за внатрешни работи биле поднесени 124.000 барања за пасоши од кои биле изготвени 95.267, што е показател со каква динамика се работи на овој проблем, порача на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери. Според него во исто време биле изготвени и 71.410 лични карти, како и 39.552 […]

Тошковски: Очекувам да стигнеме до три илјади пасоши на ден


Гледаме да дојдеме на некоја максимална бројка од 3.300 пасоши коишто би се произведувале на ден, тоа е максимална бројка ако произведуваме пасоши без да има никаков застој во текот на денот. Тоа значи, да почнат со работа од 6 часот наутро и да работат до 22 часот попладне, тоа значи дека два часа дневно […]

Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво


Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново: Како министер за внатрешни работи, а пред […]

Тошковски бара брзо да се расчисти инцидентот помеѓу полициските службеници


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди инцидентот што ноќеска се случи кога полицаец нападнал свој колега додека извршувал служеби дејствија. Тошковски посочува дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител и дека побарал од надлежните служби во МВР да постапат професионално согласно стандардните оперативни процедури.  -Во однос на инцидентот кој се случи изутринава […]

Тошковски: На 272.000 важечки возачки дозволи стои Република Македонија


Со ново име се издадени некаде околу 525 илјади возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 […]

Тошковски: Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува кон крајот на овој месец


Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски. Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во […]