Книжевна вечер со Томислав Османли


Во Српскиот културно-информативен центар „Спона“ во Скопје со почеток во 19 часот ќе се одржи книжевна вечер со македонскиот писател Томислав Османли. Вечерта е посветена на српските изданија на изборот драмски текстови „Пат во рајот“ и на романот „Бродот. Конзархија“. Оваа книжевна вечер е дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата […]

Расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли објавен во новото туско списание за култура „Traktatus“


Новото туско списание за култура „Traktatus“, деновиве го објави расказот на Томислав Османли насловен „Наредното евангелие“. Расказот од македонски го преведе Мехмед Јонуз, додека како негов уредник се јавува книжевна теоретичарка и писателка Сема Ватансевер. Списанието „Traktatus” ја носи одредницата „Мисла и уметност“. Неговиот прв број се појави во декември минатата година, при што тоа […]

Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција


 Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски. Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива […]

Уметничка вечер во Загреб со Томислав Османли


Во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска ќе се одржи уметничка вечер со Томислав Османли. Македонскиот автор ќе биде претставен како писател, драмски автор и теоретичар на стрипот и  творец со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност. Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Наталија Поповска, директорка на македонскиот КИЦ во […]

Уште еден расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“


Во најновиот број на угледната ревија „Енекен“,  грчкото списание за култура и општетвени прашања кое се публикува во Солун, е објавена прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна  содржина од македонскиот автор, која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел […]

„Столб што пее“ – нов роман на Томислав Османли во издание на „ВиГ Зеница“


„Столб што пее“ новиот роман на македонскиот писател Томислав Османли, излезе од печат во издание на книгоиздателтвото „ВиГ Зеница“ од Скопје. Ова е четврти роман на истакнатиот писател, добитник на високи домашни награди за своето книжевно творештво, автор на над триесет книги од различни жанрови и книжевник со бројни творби преведувани во странство. -„Столб што […]

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, […]

Томислав Османли за белградски „Данас“: Вистинскиот музеј што го чува интегритетот на луѓето, е човекот сам


Под насловот „Воспитувањето по предметот ‘Човечност’ станува неопходно“, угледниот белградски весник „Данас“ во неделниот прилог (Naslovna za 23. april 2022.  ), на две страници донесува интервју со нашиот писател Томислав Османли. Истакнатата српска новинарка,  уредничка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ овој разговор со нашиот автор го реализира фокусирајќи низа теми и аспекти за загрозувањето на хуманите вредности во историјата како и во современиот […]

Во Грција објавен расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли


Новата проза на македонскиот писател Томислав Османли е објавена во најновиот број на Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун. Станува збор за впечатлив расказ во која книжевно се прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште се соочува човештвото.   „Наредното евангелие“ тој феномен, што не престанува да ја оптоварува нашата севременост, го […]