Тод Боли и официјално нов сопственик на Челзи
Откако сите детали беа усогласени минатата недела, англискиот фудбалски гигант Челзи денеска и официјално премина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли. Челзи ја најави продажбата минатата недела, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализираше трансакцијата. – Чест ни е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. […]