Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа


Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот. Во конкуренција од повеќе од […]

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија


„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red […]

Јаневски на Копаоник бизнис форум: Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот, инвестираат и имаат јасна стратегија


Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во […]

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“


Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, […]

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“


„Alexandria Cuvée“, еден од најпрепознатливите вински брендови во Македонија и регионот, неодамна доби ново име и нов изглед. Новиот лик на „Alexandria Cuvée“ вклучува целосен редизајн на етикетата и амбалажата, што го истакнува премиум квалитетот на виното и дава современ изглед на овие вина. Исклучително високиот квалитет на вината дополнително се нагласува со воведувањето на […]

Климатските промени се кошмар за многу вински региони, но „Тиквеш“ има иднина: Интервју со Алан Делоар


  Климатските промени се кошмар за многу вински региони во светот и управувањето со лозјата во новите околности станува приоритет. Во нашата најголема винарница, „Тиквеш“ од Кавадарци повеќе години наназад ги имаат согледано климатските предизвици и преземаат повеќе активности за да се прилагодат што е можно подобро кон промените кои се чини стануваат неминовни. Во […]

Со воведување на ESG стандардите „Тиквеш“ го потврди статусот на прва и водечка винарница во ЈИЕ 


Винарската визба „Тиквеш“ е првата компанија во винската индустрија во регионот која ги применува водечките глобални ESG-стандарди во доменот на заштитата на животната средина, позитивното општествено влијание и транспарентното корпоративно управување. Примерот на „Тиквеш“ треба да биде инспирација и мотив и за останатите домашни компании за тоа како треба да размислуваат и делуваат за да […]

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „Luda Mara“


  Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Luda Mara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина. Под овој вински бренд […]

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“


Кавадарци – Како лидер во винската индустрија, Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со промоција и градење на винската култура и традиција. Денес започна Фестивалот на младо вино, што традиционално го организира ВВ „Тиквеш“, а годинава се одржува по 14-ти пат. Фестивалот на младо вино прерасна во престижен настан на кој присуствуваат голем број личности од јавниот […]

„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните компании


  Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“. Целта на Проектот е преку […]

Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето


  Кавадарци – Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му […]

„Тиквеш“ ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава


Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино. Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои се наоѓаат во рамки на […]

 „Тиквеш“ почнува договорен откуп со лозарите за квалитетно грозје


  Во насока на подобрување на квалитетот на грозјето, раководството на „Тиквеш“ преку низа активности, од кои дел е и оваа средба со лозарите, креира нова платформа за стратешка соработка со лозарите. Преку зајакнување на ова стратешко партнерство ќе се овозможи подигнување на квалитетот на виното, но и унапредување на лозарството во земјата. Со цел […]

Пред истекот на рокот „Тиквеш“ им ги исплати средствата за откупеното грозје на лозарите


И оваа година винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје од последната берба, пред законски утврдениот рок кој истекува на крајот на април. Од индивидуалните производители и правни лица со кои соработува „Тиквеш“ откупени беа 32,2 милиони килограми грозје, што претставува една третина од целокупните откупени количини во нашата земја. Исплатата на средствата […]

„Тиквеш“ стана дел од групата водечки светски винарници за борба против климатските промени


  Винарската визба „Тиквеш“ се приклучи кон групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action). Во оваа група членуваат 40 водечки светски винарници од 10 земји на пет континенти. Сите членки се влијателни винарници во своите региони, лидери во активностите за заштита на животната средина и природните ресурси […]

Дигитализацијата во лозарството отвора нови перспективи за „Тиквеш“: Интервју со Џовани Бигот


  Винарската визба „Тиквеш“ го трасира патот кон дигиталната иднина на производството на грозје и вино што ќе има позитивно влијание врз натамошниот одржлив развој на домашното лозарство и македонската винска индустрија во целина. За таа цел деновиве беше промовирана соработката со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – „Перлеуве“ (Perleuve) […]

„Тиквеш“ трасира дигитална иднина во лозарството кај нас во соработка со водечки светски експерти


  Во согласност со својата стратегија за имплементација на ЕСГ-стандардите до крајот на следната година и поставување на македонското вино на светската винска мапа, винарската визба „Тиквеш“ започнува соработка со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – Перлеуве (Perleuve) од Италија. Оваа позната компанија е предводена од Џовани Бигот (Giovanni Bigot), […]

Стартува проектот за дигитализација на лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје


Винарската визба „Тиквеш“ и италијанската компанија „Перлев“ денеска со почеток во 12 часот во просториите на М6 Едукативниот центар, ќе го одбележат почетокот на проектот за воведување дигитализација во лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје. Како што информираат од „Тиквеш“, двете компании ќе го спроведуваат проектот со поддршка на Европската банка за […]

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје


Во рамки на годинешното традиционално одбележување на Свети Трифун, празникот на лозарите и винарите, винарската визба „Тиквеш“ го претстави на јавноста „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2021 – првото вино од сертифицирано органско грозје. Органското производство на поседот Лепово е резултат на определбата на „Тиквеш“ за следење на најсовремените светски трендови во одгледување на грозје […]

„Тиквеш“ годинава со рекорден откуп и највисока просечна цена


  Заврши годинешната берба и откупот на винско грозје во винарската визба „Тиквеш“. Оваа година „Тиквеш“ откупи најголема количина грозје во однос на минатите години. Воедно, водејќи се од стратегијата за обезбедување висок квалитет, постигната е највисока просечна цена по килограм досега. Во рамки на годинешниот откуп, заклучно со 30. септември, „Тиквеш“ прими рекордни 32 […]