Трамп е подготвен да му дозволи на Илон Маск да го купи TикТок доколку извршниот директор на Tесла тоа го сака


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е отворен за можноста технолошкиот милијардер Илон Маск да ја купи апликацијата за кратки видеа TикТок, доколку извршниот директор на Teсла сака да го стори тоа. „Би бил подготвен ако сака да ја купи“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали Маск е подготвен да ја купи социјалната платформа. […]

Трамп ја одложи забраната на ТикТок во САД за 75 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена. Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“. Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува […]

ТикТок повторно е онлајн во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата


Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана. Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth Social, откако милиони корисници на ТикТок денеска се разбудија и открија […]

„Проект Либерти“ сака да ги преземе операциите на ТикТок во САД


Само десет дена пред да стапи на сила американската забрана за ТикТок, непрофитната организација за интернет застапување „Проект Либерти“ (Project Liberty) на бизнисменот Френк Мекорт во четвртокот објави дека поднела понуда за купување на страницата на социјалните медиуми од кинеската технолошка компанија „БајтДенс“ (ByteDance). „Проект Либерти“ и неговите партнери, познати како „Народната понуда за ТикТок“ […]

Трамп се противи на забраната на ТикТок


Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира федералниот закон за ТикТок со кој би се забранила популарната социјална мрежа или би се присилила на продажба, и рече дека како претседател ќе бара „политичко решение“ за проблемот. ТикТок и неговиот сопственик „БајтДенс“ ( ByteDance) се борат да ја задржат популарната апликација достапна […]

Албанија ќе го забрани ТикТок на една година


  Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Тирана одржа национална средба со наставниците и родителите на која беше претставен новиот акциски план за зајакнување на безбедносните механизми во училиштата. Рама во својот говор посебно се задржа на проблемот со социјалните мрежи во училиштата и рече дека наставниците се директно засегнати бидејќи тие се дел од […]

ТикТок ќе ги блокира филтрите за разубавување на тинејџерите, причината е менталното здравје


ТикТок воведува старосни ограничувања за некои од своите филтри за разубавување, за да го реши прашањето за нивното влијание врз менталното здравје на тинејџерите на платформата. Некои од промените што доаѓаат во наредните недели вклучуваат спречување на корисниците на TikTok под 18 години да користат одредени ефекти што го менуваат изгледот. Исто така, описите на […]

Тик Ток укинува стотици работни места, повеќе ќе користи вештачка интелигенција


Социјалната мрежа Тик Ток во сопственост на BiteDance соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината. Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе […]

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата


Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца. Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата. Официјалните лица изјавија […]

Владата на Косово го забрани ТикТок во јавните институции


 Владата на Косово денеска донесе одлука за забрана на апликацијата „ТикТок“ во јавните институции со цел да се елиминираат кибер ризиците. Заменикот министер за внатрешни работи и јавна управа на Косово, Бардиљ Добра, изјави дека одлуката е превентивна мерка, следејќи ги чекорите на европските земји. „Рековме дека е дозволено користење на ТикТок на лични уреди, […]

Трамп отвори профил на мрежата TикТок која се обиде да ја забрани додека беше претседател


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на социјалната мрежа за кратки видеа ТикТок, што е во сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance и која тој се обиде да ја забрани додека беше претседател на САД. Политико, кој прв ја објави веста, соопшти дека Трамп првото видео го објавил синоќа на овој свој нов профил. […]

Урсула фон дер Лајен рече дека не е исклучено TikTok да биде забранет и во ЕУ


Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен навести дека забраната на TikTok во Европската унија е всушност реална опција. „Тоа не е на одмет“, рече таа на дебата во Мастрихт, на која беа претставени водечките кандидати на партиите за претстојните европски избори, откако модераторот се осврна на Соединетите држави, каде што TikTok се соочува со […]

Што предвидува забраната на TikTok во САД и кои земји би можеле да го следат примерот


Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се бара од кинескиот сопственик на TikTok да ги продаде операциите на апликацијата во САД или ќе се соочи со забрана. Бајден претходно рече дека ќе го потпише нацрт-законот, усвоен како дел од пакетот странска помош за Украина, Израел и Тајван. Како законодавството го отвора патот за […]

Бајден во исто време користи ТикТок и се заканува дека ќе го забрани


Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави денеска претставник на кампањата, набргу откако американскиот претседател го потпиша законот со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде. Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТикТок, не […]

Бајден го потпиша законот за ТикТок


Претседателот на САД, Џо Бајден го потпиша неодамна усвоениот закон од Конгресот, со кој се бара од компанијата „БајтДенс“ (ByteDance) со седиште во Кина, да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар. Продажбата мора да се случи во рок од девет месеци или една година доколку Бајден се согласи да […]

Конгресот на САД усвои потенцијална забрана за ТикТок. Еве што следува


Конгресот во вторникот го финализираше законодавството што може да доведе до забрана на ТикТок на национално ниво, што ескалираше со огромна закана за операциите на компанијата во САД. Предлог-законот го усвои Сенатот како дел од широкиот пакет странска помош наменет за поддршка на Израел и Украина. Тоа беше одобрено од Домот во саботата. Сега се […]

Поранешен министер за финансии на САД сака да го преземе ТикТок 


Поранешниот министер за финансии на САД Стивен Мнучин составува група инвеститори кои сакаат да го купат ТикТок  (TikTok) доколку матичната компанија Бајтденс (ByteDance) биде принудена да ја продаде апликацијата. Мнучин го објави ова за време на појавувањето на Си-Ен-Би-Си на Squawk Box во четвртокот. „Ја разбирам технологијата, тоа е одличен бизнис и ќе составам група […]

Трамп: ТикТок е закана, но забраната на апликацијата ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук


 Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ТикТок е закана за националната безбедност, но дека забраната на популарната апликација ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканецот остро го критикуваше. Трамп ги даде забелешките додека законодавачите оваа недела го разгледуваат предлог-законот со кој на сопственикот на ТикТок, БајтДенс, ќе му […]

Бајден го искористи Супербоул за да започне кампања на ТикТок, загрижен дел од Конгресот


Претседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД и висок демократ изјави дека е загрижен поради одлуката на предизборниот тим на претседателот Џо Бајден да се приклучи на ТикТок. Во неделата, кампањата на Бајден го искористи Супербоул за да отвори нова сметка на ТикТок, со надеж дека ќе допре до младите гласачи пред претседателските […]

TikTok воведува нови функции, сè повеќе ќе личи на YouTube


TikTok воведува нови функции што го прават сè повеќе како најпопуларната платформа за (подолги) видеа, YouTube. Се чини дека TikTok сака да ги поттикне корисниците да објавуваат хоризонтални видеа кои се подолги од една минута, според креаторите @candicedchap и @kenlyealtumbiz. Кинеската социјална мрежа соопшти дека ќе ги „разбие“ овие видеа во рок од 72 часа […]