Сана Марин негативна на тестот за дрога по видеото на кое се забавува
Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава. Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување. Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. […]