Акциите на „Тесла“ паѓаат осма недела по ред


Акциите на „Тесла“ (TSLA) паднаа осма недела по ред, бидејќи компанијата продолжува да се бори да се справи со тешкиот почеток на 2026 година, а приходите од првиот квартал треба да се објават подоцна овој месец. Акциите на „Тесла“, иако малку повисоки во раното тргување во петокот, паднаа за 3,2% оваа недела, објавувајќи осма недела […]

Американската администрација отвори истрага за 2,6 милиони возила на Tесла


Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата отвори истрага за 2,6 милиони возила на Tесла поради извештаите за несреќи за кои постои сомневање дека биле предизвикани од системот за далечинско управување. Оштетените возачи изјавиле дека, користејќи го тој систем, имале премалку време да избегнат судир. Новата истрага доаѓа откако Националната управа за безбедност […]

Илон Маск нема да добие 56 милијарди долари


Судот во Делавер пресуди дека главниот извршен директор на Tесла, Илон Маск, нема право на финансиски пакет од 56 милијарди долари, иако акционерите на компанијата за електрични возила гласаа за тоа во јуни. Пресудата на судијката Кеталин МекКормик следи по нејзината одлука во јануари, која го нарече пакетот претеран и го поништи, изненадувајќи ги инвеститорите […]

Најпознатите светски компании обвинети за кршење на човековите права


Некои од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Тесла“, „Мета“, „Блекстоун“ се обвинети за поткопување на демократијата ширум светот со финансиска поддршка на екстремно десничарските политички движења, финансирање и влошување на климатската криза и кршење на синдикалните и човековите права, се вели во извештајот објавен од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати. Така, „Амазон“, петтиот по […]

„Тесла“ престана да гради фабрика во Мексико поради страв од царините на Трамп


Компанијата „Тесла“ минатата година најави дека ќе гради нова фабрика во Мексико, на локација во близина на границата со САД. Сепак, овие планови се чини дека заглавија поради можната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во разговор со инвеститорите оваа недела рече дека изградбата на фабриката […]

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија


Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија. Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места. Последниот бран отпуштања […]

„Тесла“ отпушта 400 вработени во фабриката во близина на Берлин


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ денеска објави дека ќе укине 400 работни места во својата фабрика во близина на Берлин, наведувајќи ја слабата продажба во услови на жестока ценовна војна меѓу производителите. На почетокот на минатата недела, „Тесла“ објави дека поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените, ќе отпушти повеќе од десетина од […]

Акциите на „Тесла“ на најниско ниво во последните 15 месеци во пресрет на објавувањето на резултатите


Акциите на „Тесла“ паднаа седми ден по ред, достигнувајќи го најниското ниво од јануари 2023 година, бидејќи дополнителното намалување на цените во текот на викендот ја зголеми загриженоста пред извештајот за заработката на компанијата во првиот квартал во вторник. Акцијата падна за 3,4% до 142,05 долари во понеделникот, со што нејзиниот пад за една година […]

„Тесла“ отпушта 300 работници во фабриката во близина на Берлин


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека ќе отпушти 300 привремени работници во фабриката во близина на Берлин, откако најави отпуштања ширум светот поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените. Портпаролката на компанијата изјави дека биле отпуштени 300 привремени работници, додавајќи дека работниците на „Тесла“ не биле отпуштени. Новинскиот портал Бизнис инсајдер претходно […]

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци


Ново истражување во САД посочува дека 35 од најголемите американски компании им донеле на своите одбори на директори повеќе отколку што плаќале за федералните даноци на доход во периодот од 2018 до 2022 година. Како што пренесува „Јаху“, според наодите, најлошиот престапник е – „Тесла“. Имено, компанијата на Илон Маск во овие пет години заработила […]

Маск ја посети фабриката на „Тесла“ во Германија каде што беше подметнат пожар


Шефот на „Тесла“, Илон Маск, пристигна во Германија денеска за да ја посети единствената европска фабрика на производителот на електрични автомобили, непосредно пред Берлин, околу една недела откако нападот врз снабдувањето со електрична енергија ја прекина неговата работа. Производството во таканаречената „Гига-фабрика“ на „Тесла“ во градот Грунхајде беше запрено на неколку дена поради пренасочување што […]

Фабриката на „Тесла“ во Берлин го обнови производството по саботажата


Фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин може повторно да работи од понеделник навечер. Фабриката и нејзината околина минатата недела останаа без струја поради пожар што избувна под далновод на отворено поле. Поправката беше завршена многу побрзо од очекуваното. „Тесла“ пресмета дека нема да можат да го обноват производството пред крајот на неделата. Пожарот го […]

„Глупави еко-терористи“: Реакција на Маск за пожарот во фабриката на „Тесла“ во Берлин


Директорот на „Тесла“, Илон Маск реагираше на денешниот напад врз неговата фабрика за автомобили во близина на Берлин од страна на левичарска екстремистичка група, што доведе до прекин на електричната енергија. „Овие се или најглупавите еко-терористи во светот или се марионети на оние кои немаат добри еколошки цели. Запирањето на производството на електрични возила, наместо […]

„Тесла“ повеќе се судира од автомобилите на класичен погон. Еве зошто


  „Херц“ неодамна објави дека продава 20.000 електрични автомобили од својот возен парк и ги заменува со возила на бензин. Една од причините што компанијата ја наведе е тоа што возачите постојано ги удираат автомобилите, објави Си-Ен-Ен. Извршниот директор на „Херц“, Стивен Шер, истакна дека трошоците за поправка на електрично возило се исто така многу […]

Оние што се обложуваа против акциите на „Тесла“ лани изгубија повеќе пари отколку со која било друга компанија


Еве нешто што сигурно ќе го насмее Илон Маск – љубителите на краткорочни берзански трансакции, таканаречениот шортселинг, односно инвеститорите кои се обложија дека вредноста на акциите на „Тесла“ ќе опадне (и така ќе заработат), изгубија заедно 12,2 милијарди долари минатата година, повеќе од оние што изгубија во ваквиот вид трансакции со која било друга компанија […]

„Тесла“ повлекува 1,6 милиони автомобили во Кина


 „Тесла“ одлучи да повлече повеќе од 1,6 милиони електрични автомобили продадени во Кина меѓу август 2014 година и декември минатата 2023 година, по препорака на Државната администрација за регулатива на пазарот. Проблемот се однесува на функциите на автопилотот и заклучувањето на вратите, велат од агенцијата.  Увезените „Модел С“, „Модел Икс“ и „Модел 3“, заедно со […]

Данците им се придружија на Швеѓаните во бунтот против „Тесла“ и Маск


„Тесла“ се соочува со растечки бунт во Скандинавија откако данските пристанишни работници се приклучија на штрајкот на сочувство со шведските механичари, притискајќи го гигантот за електрични возила да им даде на вработените права за колективно договарање. Членовите на шведскиот синдикат IF Metall се во шестнеделен спор со „Тесла“ и добија поддршка преку секундарни штрајкови од […]

Финансискиот директор на „Тесла“ и „Господар на монетата“ ја напушта компанијата


  „Господарот на монетата“ („Master of Coin“) и главен финансиски директор на „Тесла“, Захари Кирхорн, поднесе оставка по четири години и шест месеци во оваа улога. Кирхорн ѝ се придружи на „Тесла“ пред 13 години како виш финансиски аналитичар, според неговиот профил на „Линкдин“ (LinkedIn), стигнувајќи до финансиски директор во 2019 година. „Тесла“ објави во […]

„Тесла“ испорача рекорден број автомобили во второто тримесечје


Производителот на електрични возила „Тесла“ вчера објави дека се испорачани рекордни 466.000 возила во второто тримесечје од оваа година, додека произведени се речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Повеќето од предвидените седани „Модел 3“ и теренците „Модел Ипсилон“ биле произведени и продадени, т.е. 446.915 испорачани од 460.211 склопени возила. Покрај тоа, „Тесла“ произведе 19.489 […]

„Тесла“ отвора мегафабрика во Кина


Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили. Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што  се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина. „Тесла отвора фабрика за Мегапак […]