Кривична за трите девојки од Куманово кои претепаа и снимаа девојка, на која ѝ се заканиле да молчи


Според информациите од МВР, СВР Куманово поднело кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Истрагата покажала дека на 13 […]

Гостиварка „дивеела“ во домот: Го натепала сопругот, му го скршила телефонот и дел од покуќнината


Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. -Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово. […]

Татко и син ја нападнале снаата


Семеен инцидент ексалирал во физичко насилство. Случајот во полиција бил пријавен среде ноќ.  –  На 29.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(28) и М.Д.(59), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ги нападнале […]

Вработена во продавница која била во склоп на основно училиште во Чаир натепала 13-годишно дете


Вработена во продажен објект кој се наоѓал во склоп на основно училиште во Чаир, нападнала 13-годишено дете. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.11.2025) во 13.40 часот во СВР Скопје Н.А.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир во продажен објект кој се наоѓал во склоп на основно училиште неговиот 13-годишен син бил […]

Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад


Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.  – Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 44 – годишен жител на градот, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Исто […]

Девојче натепано од друга малолетничка на свадба во Куманово


На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР Куманово, Н.Р.(37) од Куманово пријавил дека на 14.11.2024 околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Старец во Скопје претепан од својот син


Уште еден случај на семејно насилство пријавен во полиција, а во кој жртва е повозрасно лице. Имено, на 27.07.2024 во 15.05 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж пријавил дека околу 13.00 часот во скопско село бил физички нападнат од неговиот син М.Г.(44). Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.      […]

Не е убиство со умисла – туку самоодбрана: Жената што ги уби свекорот и сопругот во Кратово 13 години трпела ќотек


Акт на самоодбрана, а не убиство со умисла како што тврди Обвинителството, сметаат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство што го изврши жена во Кратово врз сопругот и свекотор, пред една недела. Оттаму се повикуваат на соопштението на Обвинителството во кое се наведува дека на убиството му претходела вербална расправија, а оти потоа […]

Малолетник го истепал целото свое семејство во Скопско


Серија пријави за семејно насилство пристигнале до скопската полиција. Малолетник ги нападнал својата мајка, сестра и брат, во друг случај жена била нападната од братот, а имало пријави и за напади од поранешни партнери/ки. – На 05.03.2024 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што во семејниот […]

Се бара притвор за мажот кој и покрај забраната за приближување, ја претепа сопругата


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 25-годишен скопјанец кој пред два дена ѝ се заканувал, а потоа и физички ја нападнал својата сопруга со која бил во бракоразводна постапка, а имал и судска забрана да контактира со неа и да ѝ се приближува. Како што соопштија денеска од Обвинителството, постапката против скопјанецот се води […]

Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.  

Скопјанец ја претепал сопругата и нејзиниот син, а потоа бил агресивен и кон полицајците


Денеска во 00.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од скопско, затоа што во домот физички ги нападнал неговата брачна партнерка и нејзиниот 18-годишен син, извести МВР. – Потоа тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале […]

Скопјанец ја претепал поранешната партнерка


Вчера бил приведен 41-годишен скопјанец, кој претходно ја претепал поранешната партнерка. – На 26.07.2023 во 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода С.К.(41) од Скопје, затоа што на подрачјето на Аеродром физички ја нападнал неговата 49-годишна поранешна партнерка, информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   […]

Уапсен гостиварец кој ги натепал мајка си и сестра си


Вчера, околу 2.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Ш. К. од гостиварско село. Тој бил пријавен од своите сестра и мајка дека физички ги нападнал во семејниот дом. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира МВР.             

Скопјанец крвнички ја тепал партнерката, а гостин му помагал


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица. -Првиот Обвинителен предлог е против 46-годишен скопјанец за кривично дело – „тешка телесна повреда“ додека вториот е против 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првиот обвинет да го […]

Маж се обидел да го натепа својот 77-годишен татко


Приведен е 50-годишен гостиварец поради закани и обид за насилство врз неговиот татко. „Вчера од полициски службеници е приведен С.Р.(50) од Гостивар, затоа што по претходна расправија, околу 09.30 часот, во семејната куќа во Гостивар му упатувал закани на неговиот 77-годишен татко и се обидел физички да го нападне“, велат од МВР. По целосно документирање […]

Приведен татко што ја тепал 18-годишната ќерка во Кисела Вода


  Во средата, во 19.15 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство бил лишен од слобода Б.П.(59) од Скопје. Имено, тој околу 16.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на […]

Професор тепал ученичка во средно во Скопје


Во средата, во 18 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Дополнително, полицискиот билтен нотира дека истиот ден во 12.47 часот П.З.(49) од Скопје пријавил дека околу […]

Ја прекинала врската со него, а тој ја скршил вратата и ги претепал мајката и 6-годишната ќерка


Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело „насилство“ врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско. Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе […]

Имал забрана за приближување, но сепак, ја претепал сопругата


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(39) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, „загрозување на сигурноста при семејно насилство“ и „неизвршување на судска одлука“. На 29.11.2022, и покрај изречената забрана за приближување до неговата сопруга и нивната ќерка, пријавениот се заканувал и физички […]