„Катар Енерџи“ објави виша сила за испораки на течен гас


Гасниот гигант „Катар Енерџи“ ги информираше клиентите во соопштение за „виша сила“ дека нема да може да им испорача течен гас според договорените услови, сигнализирајќи можна пожестока трка за енергијата меѓу купувачите во Европа и Азија. Во понеделник, компанијата објави дека го прекинала производството на течен гас поради „воени напади“ врз објекти во индустриските градови […]

Минатиот месец Русија ги престигна САД како најголем снабдувач на ЛНГ во Европа


Додека Русија продолжува да се движи низ низата санкции наметнати од Украина и западните сојузници, европскиот увоз на гас од Русија ги надмина испораките од САД. Ова беше првпат Русија да ги престигне САД како најголем снабдувач на гас во Европа во речиси две години. Пресвртот во мај ги истакнува тешкотиите во намалувањето на зависноста […]

Катар и Кина се договорија за испорака на течен гас до средината на векот


  Катарскиот производител на гас „Катар енерџи“ потпиша 27-годишен договор за набавка на течен гас со кинеската „Синопек“ , нагласувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот. Трката за ЛНГ се засили од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, а побарувачката ја предводи Европа, која се обидува да го […]

Германија ќе прави и петти пловечки терминал за течен гас


  Берлин договори петти пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ) со цел да го зголеми количеството на ЛНГ што земјата може да го увезува, што може да биде благодет за соседите на земјата без излез на море. Во мај, владата објави дека обезбедила четири од овие пренаменети танкери за ЛНГ. Бродовите кои се обновуваат, […]

Нов проблем со гасот за Европа


Американскиот извозник на течен природен гас (LNG) Freeport LNG изјави дека нема целосно да го обнови производството во оштетената фабрика за втечнување гас до март следната година, што сигнализира нови проблеми за увозниците во Европа. Во јуни, компанијата ја прекина работата во својот објект во Квинтана, Тексас, откако гасоводот пукна, предизвикувајќи експлозија и пожар. Од […]

Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков


Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време […]

Акциите на „Мицуи“ и „Мицубиши“ потонаа по изјава на Медведев


Акциите на јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“ (Mitsui и Mitsubishi), кои се акционери на проектот за течен природен гас (TPG) Сахалин-2, паднаа денеска откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ѝ се закани на Јапонија дека нема да има руска нафта и гас. Акциите на „Мицуи“ паднаа за 5,7 отсто, а на „Мицубиши“ за 5,4 отсто […]

Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александрополис


Во присуство на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александрополис ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), […]

И Македонија ќе биде вклучена во договорот за течен гас меѓу САД и ЕУ


Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (ЛНГ) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и САД. Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот совет. […]

Германија размислува за изградба на терминал за ЛНГ


По руско-украинската криза и запирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (ЛНГ) и пред сè терминал за ЛНГ што треба да се изгради во близина на Хамбург. – Украинската криза, но и поскапувањето на енергенсите ни покажаа дека Германија мора да биде […]

Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок


Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас со течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар. САД и европските сојузници се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат рускиот гас […]

Катар ги условува испораките на гас за ЕУ


Европската унија мора да ја ограничи препродажбата на гас надвор од нејзините граници, доколку сака Катар и другите големи снабдувачи на гас да обезбедат кризни резерви во случај на руско-украински конфликт, изјави во понеделникот извор од Доха во Брисел. Катар би можел да пренасочи некои испораки на гас од Азија во ЕУ за да ги […]

Норвешката фабрика за втечнување гас останува затворена до средината на мај


Поправките на постројката за втечнување гас на фабриката Хамерфест во Норвешка по пожарот ќе траат подолго од очекуваното, соопшти енергетската компанија Еквинор и системскиот менаџер Гаско, сигнализирајќи нови проблеми во снабдувањето со гас во Европа. Фабриката, управувана од Еквинор, се очекува да продолжи со производство на 17 мај, повеќе од шест недели по планираниот датум […]