По Мицкоски и Тошкоски бил шокиран за мазутот. Обвинителката вели дека од ЕСМ дале исказ оти нема штета


  Еден од клучните случаи врз кои ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, а потоа и како влада го креираше наративот дека претходните власти краделе многу од државните пари спектакуларно се распадна, а премиерот и министрите ги собираат искршените парчиња од „вазната“ за мазутот за ТЕЦ „Неготино“. Прво премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бил „шокиран“ од Обвинителството за […]

Чекајќи го гасот: Има ли иднина за ТЕЦ „Неготино“


  Кога работи, произведува скапа струја и ја загадува околината, а кога не работи создава трошоци бидејќи се чува како ладна резерва за нашиот подзастарен електроенергетски систем. И така со децении, без притоа да се реализира ниту една од бројните најави на неколку гарнитури политичари дека вториот по големина енергетски објект во земјава, Термоцентралата „Неготино“ […]

Можност за поефикасно производство: АД ЕСМ објаснува зошто ТЕЦ „Неготино“ стана негова подружница


Поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД „ТЕЦ Неготино“, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал, ова се причините кои ги наведува државната компанија „Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) за присоединувањето на АД „ТЕЦ Неготино“ кон ЕСМ, по направената анализа за оправданоста од присоединувањето. „Енергетската криза од 2021 година […]

Бектеши: ТЕЦ Неготино ќе престане со работа ако увезената струја е поевтина


Доколку увезената цена на електрична енергија е пониска од онаа што се произведува во ТЕЦ „Неготино“, тогаш ќе биде донесена одлука оваа термоелектрана да престане со работа, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.  – Ако ЕСМ ни достави податоци дека производствената цена на ТЕЦ „Неготино“ е повисока од увезената цена на електрична енергија, насоката на […]

Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет


  Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, соопшти АД ЕСМ. Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи […]

ТЕЦ „Неготино“ е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија


  ТЕЦ „Неготино“ е синхронизиран на мрежа во 12:20 часот и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90 мегавати по котел, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). -Во моментов произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет […]

Почнуваат активности за ставање во функција на електраната ТЕЦ Неготино


АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека ТЕЦ Неготино од изутринава ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство. – Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, […]

Во ТЕЦ „Неготино“ немало планиран ремонт, туку механички дефект на генераторот, тврди Мицкоски


  Од 7 ноември до 30 ноември, за 23 дена, Владата увезе електрична енергија во вредност од 23 милиони евра со што секој ден се увезуваа по електрична струја во вредност од по еден милион евра, пари платени од граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, изврши […]

Завршува ремонтот во ТЕЦ „Неготино“, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември


  Во ТЕЦ „Неготино“ завршуваат сервисните и ремонтните активности и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, соопштија од ЕСМ. Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ „Неготино“. Во […]

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза – за енергенси уште се разговара


Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола, ставање во функција на ТЕЦ Осломеј, а од утрово во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски. Првиот котел […]

Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“


Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ била пријавена во полиција. Оваа информација денеска ја потврдија за МИА од СВР Велес.   -На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A  е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар […]

Од јануари ќе се вклучи втор котел во ТЕЦ Неготино и трет блок во РЕК Битола


Во јануари 2022 година ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски посочи дека со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона, а од енергетската криза ќе излеземе без рестрикции, вложувајќи напори да се […]

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела


Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко […]