Расте продажбата на „украинскиот тартан“ од Шкотска
Шкотска– Во работилницата „Мекнотон холдингс“ за тартан – традиционална шкотска ткаенина, машините денес плетат километри од познатите карирани шари во зелена, црвена, црна, сина и бела боја. Но, нова кројка во огромната фабрика во Кит, североисточна Шкотска, деновиве се издвојува по својата нетрадиционална боја – жолто-сината. Компанијата „Грејт Скот“ веќе со седмици го плете тартанот под […]