Американски танкер за превоз на гас по удар на дрон гори во египетско пристаниште, пожарот зафати и друго пловило


Дрон удри американски танкер за превоз на гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета, соопшти британската организација за поморска безбедност „Амбри“, повикувајќи се на првичната проценка на инцидентот. Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ додаде дека два танкери со гас се зафатени од пожар во Дамиета. Дронот го удрил танкерот со име „Енергос Винтер“ предизвикувајќи пожар кој […]

Јеменските власти соопштија дека неидентификувани напаѓачи киднапирале танкер за нафта


Јеменската крајбрежна стража денеска соопшти дека танкерот за нафта M/T EUREKA е киднапиран кај брегот на провинцијата Шабва. Во соопштението се наведува дека танкерот го киднапирале „неидентификувани вооружени лица кои се качиле на бродот, презеле контрола и го насочиле кон Аденскиот Залив во правец на сомалиските води“. Јеменската крајбрежна стража потврди дека е пронајдена локацијата […]

Нема истекување на нафта по нападот на кувајтскиот танкер во близина на пристаништето во Дубаи


Властите во Дубаи потврдија дека нема истекување на нафта од танкерот кој беше запален по ирански напад со дрон. Танкерот „Ал Салми“ (Al Salmi) бил целосно натоварен со два милиони барели нафта и бил закотвен во Дубаи на пат кон Кина, кога бил погоден во напад со дрон и избил пожар, пренесе Би-би-си. Медиумската канцеларија […]

Француската морнарица заплени руски танкер за нафта, Макрон вели: „Нема да толерираме никакво прекршување“


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француската морнарица пресретнала руски танкер за нафта за кој се сомнева дека е под лажно знаме. Во објава на социјалните мрежи, Макрон рече дека бродот е пренасочен. „Нема да толерираме никакво прекршување. Утрово, француската морнарица се качи на танкер за нафта од Русија, која е под меѓународни санкции и […]

(Видео) Еве како Американците влегоа и го презедоа танкерот од „флотата во сенка“


Јужната команда на САД (SOUTHCOM) објави снимка од пресретнувањето, влегувањето и запленувањето на танкерот за нафта M/T Sophia, кој пловел во меѓународни води во Карипското Море. Танкерот, за кој американската војска вели дека бил дел од таканаречената „флота во сенка“ бил вклучен во нелегални активности поврзани со санкционираната трговија со нафта. Операцијата ја спроведоа силите […]

Руска флота во сенка: Санкциониран танкер покрај бугарскиот брег предизвика дипломатски скандал


Во сенка на ескалацијата на хибридната војна на Црното Море, огромен санкциониран танкер, оштетен од украински дронови и пловен во бурни води, се приближи опасно до идиличниот брег на Црното Море на Бугарија. „Каирос“, џин од 276 метри со тежина од 150.000 тони, сега е закотвен помалку од една милја – едвај 700-800 метри – […]

Во судирот во Северното Море учествувале танкер со реактивно гориво и товарен брод што пренесувал натриум цијанид


Товарниот брод „Соулонг“ (Solong), кој денеска се судри со американскиот танкер „Стена Имакјулат“ (MV Stena Immaculate) во Северното Море, недалеку од источниот брег на Велика Британија, превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, соопшти поморската информативна агенција Лојдс Лист Интелиџенс (Lloyd’s List Intelligence). Според податоците од британската крајбрежна стража, на бродот имало и неодредена количина алкохол. […]

Хаос во Северното Море: Се судрија товарен брод и танкер


Товарен брод и танкер се судрија во Северното Море кај брегот на Јоркшир, јави Би-би-си. На местото на настанот се упатиле чамци за спасување и противпожарни екипи, а во тек е спасувачка операција на крајбрежната стража. #BREAKING: Large rescue response underway after U.S. oil tanker and cargo vessel collide in the North Sea off the […]

Изгаснат пожарот што го оштети нафтениот танкер во Балтичкото Море


Пожарот што вчера оштети танкер со нафта во Балтичкото Море, беше изгаснат во пристаништето Росток по голема операција, соопшти рано утрово германската централна команда за поморски вонредни состојби. Како што пренесува ДПА, 73-метарскиот „Аника“, за кој командата соопшти дека превезувал 640 тони мазут кога на бродот избувна пожар рано вчера, по петчасовна операција беше одвлечен […]

Гори танкер во близина на брегот на Германија (видео)


Рано утрово, танкер со нафта се насука во близина на брегот на Балтичкото Море во северна Германија. Сите седум членови на екипажот се спасени и однесени на брегот, соопштија поморските спасувачки служби. Три противпожарни чамци се испратени до танкерот „Аника“ во Мекленбуршкиот залив за да го изгаснат пожарот, а неколку противпожарни екипи се на пат […]

Запален танкер со 40.000 тони нафта (видео)


Танкер што плови под знамето на Панама се запали недалеку од брегот на Иран, а членовите на екипажот се спасени. „Иранските власти спасија 22 членови на екипажот откако капетанот на бродот повикал помош“, објави државната телевизија, пренесува Ројтерс. Директорот на пристаништето Асалује, во близина на кое се запали танкерот, објави дека бродот превезувал околу 40.000 […]

Во Германија пристигна првиот танкер со течен природен гас од САД


  Во германското пристаниште Вилхелмсхавен во Северно Море денеска пристигна првата редовна пратка на течен природен гас (ЛНГ) од САД. Испораката е дел од напорите на Германија да ги обезбеди потребните количини природен гас, што претходно ги набавуваше од Русија. Танкерот „Марија енерџи“ се закотви во пристаништето Вилхелмсхавен, каде течноста повторно ќе се претвори во […]

Запленет руски танкер во Грција


Грција – Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со […]