Ако малите фарми не ги применат мерките против африканска чума, може да останеме без свинско месо


Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија” што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што беше истакнато, […]

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште


Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето […]

Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија


Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија. Досега […]

Прв случај на африканска свинска чума во Косово


Во општина Клокот денеска е потврден првиот случај на африканска свинска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово. „Агенцијата за храна и ветеринарство со свои екипи излегоа на терен за дијагностички истражувања на фармата, земање мостри и изолирање на фармата. Резултатите од мострите потврдија присуство на таа болест. “ се вели во соопштението. […]

Регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава


Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски нагласи дека на удар се малите одгледувалишта со […]

Како земјите од регионот се справуваат со свинската чума


Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска е домаќин на делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска. Директорот на Ветеринарната комора, д-р Томислав Николовски на прес-конференција информираше дека состанокот ќе го искористат да разменат мислења, состојби и информации што се од интерес за државата, по појавата на африканската свинска чума. Во однос на депопулацијата на свињите, […]

Црна Гора забрани увоз на свињи од Северна Македонија и делови на Србија


Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет […]