Убедливи победи за македонските селекции во првото коло на Светското училишно првенство во ракомет
Македонските репрезентации со успех ги почнаа своите настапи на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Кадетите во салата „Македонско сонце“ беа поуспешни од врсниците од Бугарија со 33:18 (11:9 полувреме). Најефикасни во македонската селекција беа Лука Јовиќ со шест, Костов и Ѓорѓиевски со по пет погодоци. Голманите Фехми и Трсунов запишаа […]