Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за баражите за СП 2022


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Италија (24 март) и евентуално Португалија / Турција (29 март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар 2022. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 27 фудбалери. Давид Бабунски од унгарски Дебрецин е повратник во најдобрата репрезентација. […]