Ќе се спасува иконостас стар преку 180 години, дело на мијачките мајстори


Почна конзервацијата и реставрацијата на исклучителниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Конзерваторите од прилепскиот и од битолскиот Завод и музеј ја почнаа првата од фазите на заштитата и зачувувањето на ова ремек дело, едно од трите во земјава. Според Оливера Макриевска, овластен конзерватор од Завод и музеј- Битола, направени се обемните истражувања и процени. […]