Промоција на стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова


Во организација на НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и издавачката куќа „Макавеј“, денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова. Како што информираат од „Макавеј“, препевот од бугарски е на Валентин Таневски. Како промотори се најавени Душко Крстевски и Бранко Цветкоски. […]